Македонија
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје: Нема наплата на дел од паркинзите за време на божиќните празници
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информира дека за време на божиќните празници јавните паркиралишта на „Народен фронт“, кај АМСМ, Домот на печатот, ЗОИЛ, кај Тутунскиот комбинат и на „8 Септември“, ќе бидат слободни за паркирање на 6 и 7 јануари 2023 година, односно нема да се врши наплата.
„Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта) исто така ќе бидат слободни за паркирање без вршење наплата на 7 јануари 2023 година. А на ‘Кочо Рацин’, кај Градската болница, во клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’, кај ‘Треска’, како и во катните гаражи ‘Беко’ и ’26 Јули’, ќе се работи со редовно работно време, 00.00 – 24 часот, и со редовна наплата“, додаваат од оваа институција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одземање на пасошот и мерки за претпазливост за Иџет Мемети, бара Обвинителството
Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост спрема второосомничениот – член на Советот на јавни обвинители, Иџет Меџити.
„Со предлогот, обвинителството бара судот на осомничениот да му определи мерки на претпазливост согласно чл.146 ст.1 т.2 и 3 од Законот за кривична постапка, односно обврска на осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган кој ќе го определи Судијата на претходна постапка и привремено да му биде одземена патната исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државна граница на име на осомничениот, како и забрана за употреба на лична карта на име на осомничениот како исправа за преминување на државната граница“, појаснуваат од обвинителството.
Во барањето се наведува, мерките да траат додека постои потреба, а најдоцна до правосилноста на пресудата согласно чл. 146 ст.5 од ЗКП.
Македонија
(Видео) Со спектакуларен концерт на Џибони, Fashion Group прослави 20 години!
Со спектакуларен настап на една од најголемите музички ѕвезди Џибони и исклучителните Влатко Стефановски трио, Fashion Group го прослави 20 годишниот јубилеј.
Во неверојатниот амбиент на винаријата Камник, најпознатата македонска retail компанија прославуваше за изминатите години успех, посветеност, тимска работа и неверојатните клиенти без кои немаше да биде она што е денеска.
Настанот дополнително го збогатија перформансите на уметникот Бојан Ковски и девојките од Тринити Стрингс кои во совршена синергија изведоа заеднички настап вреден за паметење.
„Веројатно и не постои поголема гордост во било која работа од онаа кога до вашето име ќе се надоврзе зборот јубилеј, а кога бројката на истиот е заокружена на 20, тогаш знаете дека изминатите години правевте нешто навистина добро. Оваа година, Fashion Group прославува 20 години од почетоците на омилената стилска приказна на многумина, приказна која немаше да биде онаква каква што е денес, доколку не постоеја лојалните клиенти со кои беше и повеќе од чест да се гради истата“, велат од Fashion Group.
Во изминатите 20 години компанијата отвори повеќе од 30 продавници со над 30 брендови, а во 2017-тата дел од искуството го насочија кон отворање на првата онлајн продавница www.fashiongroup.com.mk.
Денеска, Fashion Group брои повеќе од 70.000 лојалти купувачи, за кои ќе кажат дека се повеќе од горди што успеале дополнително да го „украсат“ секој важен момент во нивниот живот.
„Да, и можеби целото наше патување би се опишало како една неверојaтна авантура која започна со отворањето на Битсиани, бренд кој денес е синоним за елеганција и за тоа како треба да изгледа стилскиот маж. Приказната ја продолживме со најслаткиот бренд Окаиди, за денеска Fashion Group да е еден совршен круг што се провлекува низ животите на многумина благодарение на исклучителниот квалитет и изборот што секогаш е резултат на нашите неповторливи тимови“, велат од компанијата.
На самиот настан беше прикажана и рекламата што Fashion Group ја сними по повод јубилејот, која наиде на воодушевување кај присутните поради исклучителната естетика и уметнички моменти преку кои се прикажани новите колекции и новиот бизнис центар на групацијата.
Тие им се заблагодарија на нивните клиенти и целиот тим на групацијата за нивната несебична поддршка сите изминати години и ветија уште многу успешни моменти заедно!
Во продолжение, погледнете дел од атмосферата од забавата на 20 годишниот јубилеј на компанијата, како и видеото кое е уметничко заокружување на двете децении исклучителна работа.
ПР
Сервисни информации
Нормализиран сообраќајот на патот Битола – Новаци
Сообраќајот на регионалниот пат Битола – Новаци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.