Македонија
СДСМ: Мицкоски нема што да им понуди на граѓаните, останува заложник на Левицата и во сенка на Груевски
Новата година Христијан Мицкоски ја почна исто како што ја заврши и тераше и минатата година. Мицкоски нема став за ниту едно важно државно или стратешко прашање, нема политичка понуда за граѓаните, велат од СДСМ.
„Само седи на страна, уплашен за својата фотелја во белиот дворец и лелека за избори, целосно во заложништво на Левицата и во сенка на Никола Груевски. Јавните лелекања на Мицкоски, загрижен само за својата фотелја, нема да ги спречат реформите, ниту напредокот на земјата“, посочуваат во соопштението од оваа партија.
СДСМ, додаваат, продолжува со реформскиот курс, со економски политики за раст на платите и пензиите и заштита на стандардот на граѓаните, продолжува со инвестициите и со чекорите за полноправно членство во ЕУ.
Според СДСМ, Мицкоски во 2024 година го очекува 7. и 8. последователен пораз како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1
„Не смееме да ја изгубиме слободата која ја градевме овие 7 години. Денес сте слободни и гласно може да се изразите, да критикувате, да не се согласувате. Тоа е ваше право за кое заеднички се изборивме. Тешко го спечаливме, но сега на 8-ми мај треба заеднички да го сочуваме“, им порача на жителите на скопската општина Гази Баба, Фатмир Битиќи потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборната единица 2.
На граѓаните со кои се сретна попладнево, тој им посочи дека потврда за слободата во Македонија денес пристигна од „Репортери без граници“, според чиј индекс нашата држава е рангирана на 36-тото место во однос на слободата на медиумите во светот, а први сме во регионот.
„Во 2016 година бевме на дното, рангирани на 118-то место. Тогаш слободно кажаниот збор се казнуваше, медиумите беа цензурирани, граѓаните беа манипулирани. Зошто? Затоа што никој не смееше да ги праша како од една „жолта куќичка“ успеаја да изградат Бела палата, зграда од седум ката вредна 40 милиони евра. Затоа потребен им е медиумскиот мрак, за криминалот, корупцијата и личното богатење да не го гледаат граѓаните“, рече Битиќи.
Потпретседателот на СДСМ, им нагласи на граѓаните дека слободата им го отвора патот кон квалитетен живот, им дава можност да бидат иновативни и креативни во животот.
„Слободата е во темелите на праведното и правично општество. Затоа на 8-ми мај треба да размислите дали ќе гласате за Коалицијата за европска иднина, за бројот 1 или пак, казнувајќи не’ нас, ќе го дадете својот глас за тие кои 11 години не’ држеа сите нас во мрак додека си ги полнеа џебовите со нашите пари. Затоа, не казнувајте ги вашите деца, заедно со нас бидете чувари и промотори на слободата во европска Македонија“, порача потпретседателот на СДСМ, Битиќи.
Македонија
Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје
ЦУК информира за невообичаена и како што велат, специфична ситуација за решавање на итен случај на 112, кога куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли па без интернет биле дел од ПЗУ „Филип Втори“ и цела Поликлиника „Букурешт“, а мајсторите не можеле веднаш безбедно да интервенираат.
Кучето кое денеска паднало во шахтата ги изгризало оптичките кабли на „Македонски Телеком“ и без интернет од утрово, од околу 08.00 часот, останале дел од ПЗУ „Филип Втори“ и цела Поликлиника „Букурешт“ во Скопје. Но, по јавувањето на 112 во ЦУК, специфичната невообичаена ситуација почнала да се решава, при што вработените од Телеком не можеле безбедно да пристапат за решавање на дефектот во шахтата.
Дежурните од Секторот Е-112 и секторот СОК во ЦУК, бидејќи бил неработен ден не можеле да стапат во контакт со ЈП „Лајка“ од Скопје, па, покрај предвидените оперативни процедури, го премостиле проблемот. Тие ги поврзале активистите на Граѓанска иницијатива „Кане Корзо“ со вработените од Телеком за понатамошна заедничка постапка.
Потоа, кога завршило успешно и безбедно вадењето на кучето од шахтата, вработените од „Телеком“ се симнале и безбедно почнале да работат на отстранување на дефектот.
Не се знаело колку време кучето било паднато во шахтата, тоа било безбедно извадено и згрижено од активистите, информираат од ЦУК.
Македонија
(Видео) Маричиќ-Стевановиќ: На Собранието му требаат современи патриоти и борци за еднаквост, права и слободи
Во заедничката изјава за медиумите, Милена Стевановиќ и Бојан Маричиќ од листата на кандидати за пратеници во Изборната единица 1, порачуваат дека „реформите ни носат системски промени и европски фондови“, но и „демократски вредности со кои се пробиваат границите за еднакви можности за жените како докажана заложба на СДСМ.
Милена Стевановиќ во својот дел на изјавата истакнува дека „СДСМ, Ковачевски, Пендаровски, Маричиќ и другарите социјадемократи се оние кои со знаење и капацитет можат да ја придвижат земјата напред“.
„Нам ни требаат луѓе како Бојан. Со исклучително познавање на институциите на ЕУ, со чиста и прогресивна мисла, вистински современи патриоти кои додека ја внесуваат земјата во ЕУ го штитат и промовираат македонскиот идентитет“, истакнува Стевановиќ.
Tаа ги повикува сите македонски демократи „во среда на 8 мај сите кои се за подобра, современа и демократска Македонија да го заокружат бројот 1 за европска Македонија“.
Бојан Маричиќ ја посочува Милена Стевановиќ како „претставник на прогресивното женско движење“.
Маричиќ порачува дека со Стевановиќ, Македонија и македонското општество ќе имаат „напредок на полето на јавното здравје, на полето на женското здравје и машкото здравје“.
„На Собранието и треба Милена Стевановиќ, врвен професионалец кој го предводеше целиот тим на инфективната криза за време на пандемијата од ковид и која во исто време се докажа како храбар и непоколеблив борец за постојано унапредување на правата на жените“, истакнува Маричиќ.
Порачува дека е важен гласот на жените, девојките, демократи и демократки.
„Вашиот глас за СДСМ и за Милена Стевановиќ на овие избори е глас за жените како еднаква силна движечка сила на општеството“, нагласува Маричиќ во заедничката изјава со Милена Стевановиќ, како кандидати за пратеници на СДСМ и на Коалицијата за европска иднина во изборната единица 1.