Економија
3.000 посети на изложбата „В/редности и вредности“ во Музејот на Народната банка
Во Музејот на Народната банка на 7 јануари, по шест месеци поставка, се затвора изложбата „В/редности и вредности“, која беше посветена на културното наследство претставено на тековното издание на македонските книжни пари. Изложбата беше организирана како дел од активностите со кои Народната банка ја одбележа 30-годишнината на македонската монетарна самостојност и воведувањето на денарот како национално платежно средство.
![]()
Изложбата „В/редности и вредности“, која преку отстапување на артефактите беше поддржана од седум македонски музеи, овозможи увид во уникатната селекција, презентација и толкување на културното наследство, претставено на тековното издание на македонските книжни пари од 1996 година до денес. Во рамките на поставката на отворената изложба беа изложени историските и културните вредности преточени на македонските пари. Во изминатите години Народната банка, како и преку изложбата, дава постојан придонес кон богатото историско, археолошко и културно наследство на македонската држава заложувајќи се за натамошно зачувување на духовните и мултикултурните вредности на државата преточени во ликот на македонските пари.
Во изминатите шест месеци, почнувајќи од 7 јули 2022 година, Музејот на Народната банка беше домаќин на речиси 3.000 посетители, кои ги видоа охридската Изида, златниот накит на лихнидските дами, виничката „икона“ „Јошуа и Калеб“ , боите на Шарената џамија, македонскиот афион, односно обележјата на најзначајното археолошко, уметничко, архитектонско и природно наследство на овдешните простори отсликани на нашата валута. Музејскиот простор и поставките беа искористени за одржување интервјуа, дебати, излагања и јавни настани. Беа организирани и 100-ина предавања за ученици од основните и средните училишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

