Македонија
ВМРО-ДПМНE: И денес народот дише загаден воздух, СДС не инвестираше ниту евро за почист воздух
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/zagaden-vozduh_2.jpg)
И денес народот дише загаден воздух, СДС од 20 милијарди евра потрошени пари не инвестираше ниту евро за почист воздух, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ
„СДС е централна власт 7 години, и за целиот тој период нема направено ниту една инвестиција, со која би се намалило загадувањето на воздухот. Неодговорноста се пресликува и во нивната коалиција со Данела Арсовска во град Скопје, каде имаат свој директор на чело на ЈСП, а во сред зиме нема доволно автобуси, претпријатието им должи на приватните превозници и нема решение за ништо. Ковачевски и Арсовска се договараат за тендери, но не можат да се договорат да одвојат средства за намалување на загадувањето на воздухот“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачевски, како што додаваат, наместо да ги мести советниците од неговата партија да држат пресови нека им каже дека соработува со Арсовска и дека имаат директор нивен кадар во ЈСП, кој набави нафта без да обезбеди вообичаен рабат.
Според ВМРО-ДПМНЕ, се што е поврзано со загадувањето на воздухот води до СДС и затоа потребни се избори, се додава во соопштението од опозициската партија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Oпасен одрон на патот од Прилеп кон Кавадарци
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/odroni-Ohrd.jpg)
На 112 во ЦУК, е добиена пријава за одрон на коловоз на патен правец Прилеп кон Кавадарци, поточна локација пред село Дреново, помеѓу тунелот и село Дреново.
Одронот е на двете коловозни ленти и преставува голема опасност за учесниците во сообраќајот.
Опасноста ја пријавил случаен минувач.
Регионалниот ЦУК Велес информираше дека веднаш известиле надлежните служби да излезат на терен, да ја увидат состојбата и да го отстранат проблемот, конкретно Македонија пат, при што дека истите известија до ЦУК дека ќе испратат итно екипа за расчистување на патот.
Фото: илустрација
Македонија
Левица: Без соодветна документација се гради загадувачка индустрија во подножјето на Беласица
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/belasica-industrija.jpg)
На местото кај Смоларскиот мост, на подножјето на Беласица, на влезот од село Смолари, КО 40/4 подолго време молкум се гради „таинствен” објект на општинско земјиште. Нема никаква табла за тоа што се гради, кој е инвеститорот, кој е изведувачот. Документи во врска со објектот сè уште не се доставени и дадени на увид и по неколкукратното барање од страна на советниците од Општина Ново Село. Локалното население се сомнева дека се гради објект за загадувачка индустрија без поседување на соодветна документација, велат од политичката партија Левица преку соопштение.
„Од јавно достапниот линк од Седницата на Советот на Општина Ново Село, на прашање за називот на издадената дозвола за градба на објектот, Градоначалникот избегнува одговор и без прецизирање вели: „Производствен погон за обработка на алуминиумски одливци и легури”.
Помеѓу месното население се шпекулира дека еден од двајцата инвеститори е близок со ДУИ, а Kaja Шукова, како министер за животна средина од СДС, ја одобрила градбата.
Постојат сомневања дека објектот е од Г-1 загадувачка индустрија, на место каде е дозволено да се гради Г-2. Законот предвидува дека објекти од Г-1 индустрија може да се градат на оддалеченост од најмалку 5 км од населено место. Според загрижените граѓани, оваа градба се наоѓа на осумдесет метри од изворот на вода за пиење со кој се снабдува Ново Село.
Од неофицијални извори се споделува дека и градежниот инспектор од Општина Ново Село, кој не сакаше да потпише дозвола за градба, е трансфериран да работи во друга општина. Додека, пак, на негово место е испратен друг градежен инспектор кој ја потпишал градежната дозвола. Тоа што документите поврзани со овој објект се кријат од очите на јавноста, само го зголемува сомнежот за политичка вмешаност во истиот.
Поради тоа, Политичката партија Левица бара документите со овој објект да бидат јавно објавени и да се одговори на прашањата: Kога е издадена дозволата и од каков тип е истата? Дали и кога имало јавна расправа за овие измени во урбанистичките планови? Kој е инвеститор и кој го проектира и изведува објектот? Koја класа на индустрија е класифицирана за објектот?
Левица во континуитет стои на страната на здравата животна средина и обезбедување на квалитетни услови за живот на граѓаните. Ниту еден зелен и чист предел не смее да се уништи на сметка на богатењето на олигарсите! Доколку се потврди дека станува збор за загадувачка индустрија, Левица ќе продолжи да ги поддржува загрижените граѓани“, велат од Левица.
Македонија
За зголемувањето на пензиите и именувањата на директори ќе се дискутира на првата седница на новата Влада
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/vlada-na-rm.jpg)
Денеска во просториите на Владата ќе се оддржи првата владина седница на новиот состав, на која ќе стане збор за предлогот за линеарно зголемување на пензиите како и за именувања на раководни кадри во неколку државни институции.
По завршување на седницата, јавноста ќе биде информирана преку соопштение за донесените одлуки, информираа од владината прес-служба.