Спорт
Алкараз се повлече од Австралија опен
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/0_Rolex-Paris-Masters-Day-Five.jpg)
Првиот светски рекет, Карлос Алкараз, го откажа учеството на Австралија опен. Младиот шпански тенисер изјави дека нема да игра бидејќи се повредил на тренинг.
„Работев напорно за да бидам во добра форма во Австралија, но за жал нема да можам да играм во Кујонг, а потоа и на Австралија опен. Тешко е, но морам да бидам оптимист, да се опоравам и да гледам напред. во 2024 година на Австралија опен“, изјави Алкараз.
Младиот Шпанец откри и како се повредил.
„Се повредив правејќи неприродно движење на тренинг. Овој пат се работи за повреда на мускулот на десната нога”, напиша Алкараз на Твитер.
Неговото повлекување автоматски значи дека улогата на прв носител во Мелбурн ќе ја има бранителот на титулата, Рафаел Надал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Димитирјевиќ замина од УНИКС, следна станица Милано
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/maxresdefault-1.jpg)
Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ по две години го напушти УНИКС, соопшти рускиот клуб.
Како што соопшти клубот од Казан, 26-годишниот репрезентативец на Македонија е слободен да избере каде ќе ја продолжи кариерата.
Во претходните две сезони Димитријевиќ беше најдобар играч на клубот и во ВТБ лигата. Тој одигра вкупно 50 натпревари во ВТБ лигата со просек од 18,6 поени, 3,6 скока и 1,2 украдени топки на 30 минути игра.
Италијанските медиуми објавија дека Димитријевиќ веќе има договор со челниците на Олимпија и дека до крајот на неделата ќе стане член на клубот од Милано.
Спорт
(Видео) Австрија пресилна за Полска – Прв триумф за Австрија, втор пораз за Полска на ЕП
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12317338.jpg)
Австрија ја победи Полска со 3:1, во Д групата на Европското првенство во Германија. Австријците со оваа победа се доближија до осминафиналето, додека на Полска ќе и треба чудо во последното коло за да избори место во нокаут фазата.
Австрија во овој момент е посилна селекција од Полска и тоа го покажа на терент на Олимпискиот стадион во Берлин.
Траунер го постигна првиот гол во деветтата минута, но Полјаците успеаја да изедначат преку Пјонтек по половина час игра.
Конечниот удар Австријците го зададоа во втората половина од второто полувреме. Баумгартнер во 66.минута со гол ја заврши одличната тимска акција,а 12 минути подоцна Сабицер избори пенал. Сигурен реализитор беше Арнаутовиќ.
Во последното коло Австрија ќе игра против Холандија, а Полска против Франција.
Спорт
Легендарниот фудбалер Фалкао има нов клуб
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/falkao1.jpg)
Иако е во доцните играчки години, Радамел Фалкао не планира да застане.
Откако му истече договорот со Рајо Валјекано, се огласи и неговиот нов клуб.
Тоа е – Милионариос.
И сето тоа 23 години откако го напушти овој клуб како 15-годишник.
Фалкао зад себе има импресивна кариера, играше за Ривер, Порто, Атлетико Мадрид, Монако, Манчестер Јунајтед, Челзи, Галатасарај и Рајо.
За Колумбија, за која уште настапува, одигра 104 натпревари и постигна 36 голови.