Спорт
Дончиќ: Повеќе гледам Евролига отколку НБА!
Иако е една од најголемите ѕвезди во НБА лигата, најдобрата кошаркарска лига на светот, словенечкиот ас Лука Дончиќ ги изненади американските новинари кога призна дека повеќе гледа мечеви од Евролигата отколку од НБА лигата.
Дончиќ со својот деветти трипл-дабл оваа сезона, ги предводеше Далас до нова победа над Њу Орлеанс, иако подоцна призна дека не се чувствувал најдобро на теренот. Тој оваа сезона, негова петта во лигата, има просек од 34 поени, 8.8 скока и 8.7 асистенции на натпревар и кога беше запрашан дали ја следи трката за МВП на сезоната даде интересен одговор.
„Искрено, не следам многу, ќе погледам неколку натпревари и Евролигата ја следам повеќе отколку НБА лигата. Ако на ТВ има добар НБА меч, сигурно ќе го изгледам“, вели Дончиќ.
Luka Doncic says he watches more Euroleague than NBA 👀👀👀 pic.twitter.com/DtV7Bu32YF
— HoopsHype (@hoopshype) January 8, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Миовски ги реши Фарските Острови
Фото/ EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Фудбалската репрезентација на Македонија со петтата победа во низа го заклучи ова издание во Лигата на нации. Вечерва во Скопје, Македонија ги победи Фарските Острови со 1:0 (0:0). Македонија со 16 бода ја освои Групата 4, пред Ерменија која победи во Летонија со 2:1 и ќе игра бараж за пласман во Б дивизијата.
Натпреварот во Скопје го реши напаѓачот на Бојан Миовски. Во 61.минута напаѓачот на Џирона ја искористи аматерската грешка на Ватхамар и ја испрати топката во голот.
Претходно играчите од Фарските Острови, преку Кнудсен не искористија две добри шанси, од кои идеална беше онаа во 58.минута.
Македонија циклусот го започна со нерешен резултата на гости кај Фарските Острови, а потоа забележа пет победи. Ова е најдолгада победничка низа во историјата на националниот тим.
Рекордер вечерва стана и Столе Димитриевски, во овој циклус во Лигата на нации не прими гол 531 минута. Единствен кој успеа да го совлада е Давидсен од Фарските Острови, кој во натпреварот од првото коло погоди од пенал во деветтата минута.
⚽️GOAL | 🇲🇰 North Macedonia 1-0 Faroe Islands 🇫🇴 | Bojan Miovski pic.twitter.com/AvM99JN8ul
— Goals Xtra (@GoalsXtra) November 17, 2024
Спорт
Сити сака да го направи Халанд играч со најголема плата во европскиот фудбал
Четирикратниот последователен англиски шампион Манчестер Сити се наоѓа на средина на многу турбулентен период. Истовремено се соочува со резултатска криза, но и сериозни обвинувања кои би можеле значително да се одразат на иднината на клубот.
Сепак, клубот од „Етихад“ не сака да биде во дефанзива ги започна преговорите со првата ѕвезда на тимот, Ерлинг Халанд. Тој, исто така, се соочува со 115 барања за прекршување на финансискиот фер-плеј. А тука е и прашањето дали Пеп Гвардиола ќе остане тренер и по оваа сезона.
Норвежанецот постигна дури 105 гола на 114 натпревари за Сити и не е ни чудо што клубот нема да штеди пари за да го задржи. Наводно, извршниот директор Феран Сориано отишол во Норвешка, каде Халанд е на репрезентацијата. Сориано во име на клубот му понудил тригодишен договор вреден 31 милион евра по сезона, со што би станал најплатен европски фудбалер.
Важна ставка е новата откупна клаузула која според новиот договор би изнесувала 200 милиони евра. Актуелниот договор на Ерлинг Холанд истекува во летото 2027 година.
Халанд, а потоа и Родри се приоритет за Манчестер сити. Клубот е насочен на обновивање на нивните договор и покрај тоа што на некои играчи истекуваат на краот од сезоната (Илкај Гундоган и Кевин де Бруине), а Кајл Вокер, Бернардо Силва, Џон Стоунс и двајцата голмани Едерсон и Ортега влегуваат во последната година од договорите.
Спорт
Хорхе Мартин ја прекина доминацијата на Бањаја, ја освои титулата во Мото ГП
Хорхе Мартин, 26-годишниот возач на Прамак Дукати ја прекина двегодишната доминација на Франческо Бањаја. Шпанецот во Барселона, во последната трка сезонава ја освои титулата во „кралската класа“.
На патеката во Барселона, победи Бањаја, пред идниот клупски колега, Марк Маркез (Гресини Дукати) и Мартин.
На крајот во вкупниот пласман Мартин заврши со 10 поени повеќе од Бањаја. Трет во генералниот палсман заврши Марк Маркез.
Мартин испиша историја во Барселона, стана првиот возач во Мото ГП ерата кој ја освоил титулата како возач на сателистски тим. Историјата испиша и Бањаја, со 11 победи во главните трки не успеа да стане светски првак.
Инаку трката во Барселона беше една од најздодевните во сезоната 2024.
На стартот Бањаја ја одбрани пол-позицијата, а Мартин од четвртото дојде на второто место. Втората позиција Мартин ја држеше до крајот на првиот круг, кога пред него излезе Маркез. До крајот поредокот не се менуваше.
За Мартин ова беше последната трка за Прамак Дукати, светскиот првак во новата сезона ќе вози Априлија. Промени ќе има и во фабричкиот Дукати, на местото на Енеа Бастијанини доаѓа Марк Маркез.