Спорт
Лацио се прости од „својот“ Синиша Михајловиќ

Лацио му оддаде почит на својот поранешен играч, Синиша Михајловиќ со посебно видео и со огромна фотографија на нивниот легендарен дефанзивец на „Олимпико“ пред мечот со Емполи. Ова беше прв меч на Лацио пред домашна публика по смртта на Михајлович од леукемија на 16 декември 2022 на само 53 години.
Србинот помина шест години во Лацио, од 1998 до 2004, освојувајќи со лацијалите скудето, европскиот Куп на победници на купови и три титули од Копа Италија.
„Синиша, сега удри слободен удара на вратите на рајот“, пишуваше на еден од банерите.
Бидејќи „Курва норд“ е без најверните навивачи на Лацио поради расистичките испади на претходниот натпревар, на овој дел од трибината имаше слика од Михајловиќ во дрес на Лацио.
A fitting tribute, for a legend who will always live on in our hearts 🕊️
Forza Siniša Mihajlović 💙#LazioEmpoli | @OfficialSSLazio pic.twitter.com/D1NYXUXr8b
— Lega Serie A (@SerieA_EN) January 8, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Але официјално се врати во Утрехт

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Себастијан Але, ја напушти Борусија Дортмунд и денес потпиша договор со холандскиот клуб Утрехт.
Кратко по пристигнувањето во Борусија во 2022 година, за време на тренинг му беше дијагностициран тумор на тестисите, што бараше две операции и хемотерапија. Тој се врати на теренот по само шест месеци.
Во сезоната 2022/23, Але постигна девет гола во Бундеслигата. Минатата сезона беше позајмен во шпанскиот Леганес, а потоа во Утрехт, каде што постигна шест гола на 18 натпревари и му помогна на тимот да заврши четврти во Ередивизие и да се квалификува за Лигата на Европа.
Але сега се враќа во познато окружување, каде што ја започна својата кариера пред десет години, и потпиша нов договор со Утрехт.
Утрехт е на седмото место на табелата во холандското првенство со три бода.
Foto/ EPA
Спорт
Пеко полека го губи трпението со Дукати

Италијанскиот возач на Дукати во шампионатот на Мото ГП, Франческо Бањаја, испрати порака до лидерите на својот тим дека полека го „губи трпението“.
Франческо Бањаја е двократен светски шампион во Мото ГП и прв возач по Кејси Стонер кој му го донесе шампионскиот трофеј на „црвениот“ италијански тим.
Оваа сезона, Пеко вози многу послабо отколку во претходните години, додека неговиот тимски колега, Марк Маркез назапирливо ита кон шампионската титула во Мото ГП.
Бањаја стартуваше од третата позиција во Австрија и заврши на скромната осма позиција, додека Маркез стартуваше од четвртото место и победи во Шпилберг.
Франческо верува дека проблемот не е во него и неговото возење и му порача на Дукати:
„Сè што се случува цела година се случи на трката во недела. Се борам и давам се од себе, но овој пат тоа значеше позиција број осум. Победникот на трката победи со време со кое победив јас минатата година. Имам тој потенцијал. Не знам зошто ништо не ми функционира. Марко Бецеки и Марк Маркез прават сè подобро од мене. Доцнев 12 секунди на патека каде што секогаш правев разлика и не го разбирам тоа, навистина не го разбирам. Се обидував но сите ме заобиколуваа во кривините. Дукати мора да ми го објасни тоа, но ми снемува трпение“, рече искрениот Франческо Бањаја.
Спорт
„Новак е најголемиот спортист во историјата“

Трикратниот вицешампион на Гренд слем турнирите, Каспер Руд е убеден дека Новак Ѓоковиќ е најголемиот… не тенисер, туку и спортист на сите времиња.
Руд и Ѓоковиќ се сретнаа во финалето на Ролан Гарос, кога Новак победи во три сета, а вкупниот резултат меѓу нив е 5-1.
„Новак е најголемиот спортист во историјата. Не сакам да споредувам спортови, бидејќи е глупаво, но ако го споредите Новак со Том Брејди, на пример… Брејди е Г.О.А.Т, да не ме разберете погрешно, но атлетски, Новак би го скршил на повеќето физички тестови…“ вели Руд, сега 12-ти на АТП листата, и додава:
„Добро, Леброн можеби ќе го „растури“ Новак во некои физички аспекти, но за мене, Новак е најголемиот спортист што некогаш живеел.“
Ѓоковиќ и Руд наскоро ќе се сретнат во Њујорк, каде што ќе се игра последниот Гренд слем во сезоната од 24 август.
Ждрепката е закажана за четврток.