Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на СДС за почист воздух се чист популизам, кој нема да смени ништо
Шутаров овие барања со кои трет ден парадира СДС требаше да му ги пренесе на Ковачевски, кој како тема можеше да ги отвори на една од тајните средби со Арсовска, каде што, наместо тендери во 4 очи, може да прифатат пакет-мерки за почист воздух, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје, кој повика советниците во Скопје да ги поддржат мерките на СДСМ за борбата со загадувањето.
„СДС 7 години е централна власт, а полумерките на советникот Шутаров нема да сменат ништо и се чист популизам. Наместо да го местат да чита проза и поезија, потребни се суштински мерки за почист воздух, кои не може да се имплементираат без Владата. Никој во Скопје не верува дека почист воздух ќе има ако се обезбеди бесплатен превоз во ЈСП или ако еднократно се доделат пари под ставката животна средина. Со ваквите полумерки, само СДС и Шутаров отвораат пат за нови субвенции, кои Градот треба да му ги додели на директорот на ЈСП, кој доаѓа директно од штабот на СДС“, се наведува во реакцијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, мерките се да се наполни буџетот на сдсовскиот директор за да може Арсовска и Ковачевски да прават нови тендери во 4 очи, како оној што ЈСП го направи со „Пуцко петрол“, кој припаѓа на пратеник од власта.
„Ако Шутаров од СДС има чесна намера, нека ја собере коалицијата ДУИ, Левицата, СДС и нека побараат од Владата итни мерки“, велат од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.

