Спорт
„Да бев фудбалер ќе играв за Црвена звезда…или Милан“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше гостин на познатиот портал „433“ и по тој повод одговараше на прашања поврзани со фудбалот. По тој повод откри дека би играл за Црвена звезда, но даде и многу други интересни одговори.
„Би играл за клубот од мојот роден град, Црвена звезда, или за Милан“, изјави Ѓоковиќ.
На која позиција би играле:
„Лева страна, веројатно лево крило. Шутирам со левата нога, би се обидел да им асистирам на соиграчите во шеснаесетникот“.
Колку црвени картони би добил?
„За симулирање или за стартови? Не знам, да речеме… 33. Зошто да не бидам агресивен?”
Со кој играч би сакале да играте?
„Златан Ибрахимовиќ ми е пријател, зпокрај него со Кристијано Роналдо, Лионел Меси… А од постарите со Габриел Батистута“.
Колку голови би постигнал?
„111 гола“.
Колку автоголови?
„Мислам дека мојата кариера би била завршена доколку би постигнал повеќе од еден автогол, па ќе одам со еден“.
Кој трофеј би сакале да го освоите?
„Светското првенство со Србија“, заклучи Ѓоковиќ.
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Арнаутовиќ за историја, „десетка“ на Австрија против Сан Марино

Фудбалската репрезентација на Австрија го декласира Сан марино со 10:0 во квалификациите за пласман на Светското првенство. Мечот го обележа Марко Арнаутовиќ кој стана најдобриот стрелец во историјата на австрскиот национален тим.
Марко Арнаутовиќ, фудбалер на Црвена звезда постигна четири гола. Тој ги постигна вториот, седмиот, деветтиот и десеттиот гол во натпреварот,што му беше доволно да влезе во историјата на австриската репрезентација.
Австрија води во Х групата со максимални 15 поени, БиХ има натпревар повеќе и два бода помалку од Авастријците, Романија е трета со седум бода, Кипар има пет, а Сан Марино е без освоен бод.
Спорт
(Видео) Басконија против ПАО се врати од -17 па загуби со звукот на сирената

Кошаркарите на Панатинаикос, на гостински терен, ја победија Басконија со 86:84, во третото коло, во Евролигата. Натпреварот со звукот на сирената го реши Кендрик Нан.
Тимот на Ергин Атаман водеше тимот од самиот почеток, а во третата четвртина имаше предност и од 17 поени.
Домашните не се предадоа, ја стопија разликата, а потоа во финишот на четири секунди пред крајот, Форест намерно го промаши второто слободно фрлање, фати офанзивен скок и израмни.
Сепак, Кендрик Нан беше побрз од сирената и погоди тежок шут од далечина за победа. Нејасно е зошто домашните не направија фаул, бидејќи беа надвор од бонусот.
Нан беше најефикасен со 30 поени и шест скока. Осман му се придружи со 20 поени и осум скока, додека Ернангомез постигна 15 поени со 10 скока.
Басконија имаше неколку играчи со двоцифрен број поени. Дијало и гореспоменатиот Форест (6ск, 6ас) имаа по 15 поени, додека Луваву беше најефикасен со 16 поени.
Kendrick Nunn is not from this world🐐☘️. AURA✨. pic.twitter.com/4r46uQpCka
— Ángel Egusquiza González (@AngelEgusquiz86) October 9, 2025
Евролига, 3. коло:
Басконија – Панатинаикос 84:86
Армани – Монако 79:82
Партизан – Ефес 93:87
Париз – Виртус 90:79
Реал Мадрид – Асвел 85:72
петок:
19.45 Фенербахче – Црвена звезда
20.15 Олимпијакос – Дубаи
20.30 Барселона – Валенсија
20.30 Баерн – Жалгирис
Спорт
(Видео) Дебакл на Црна Гора, Хрватска освои бод во Прага, БиХ во 96-та минута остана без победа

Октомврискиот прозорец во рамките на квалификациите за пласман на Мундијалот започна со понижувачкиот пораз на Црна Гора, ремито на Хрватска во Прага и траедијата на Босна и Херцеговина, која во 96.минута остана без победата против Кипар.
Црна Гора на дебито на новиот селектор Мирко Вучиниќ доживеа дебакал на Фарските острови. Домашната селекција победи со 4:0.
Херои на Фарските острови беа Ханус Соренсен и Арни Фредериксберг, кои по два пати го совладаа Иван Никиќ.
Соренсен постигна гол во 16-та и 55-та минута, додека Фредериксберг беше стрелец во 36-та и 71-ва минута од натпреварот.
Во рамките на оваа Л група. Чешка и Хрватска одиграа нерешено без голови во Прага.
Хрватите се задоволни од освоениот бод против директниот конурент. Двете селекции сега имаат по 13 поени, но Хрватска има подобра гол разлика и натпревар помалку од Чешка.
Фудбалерите на Босна и Херцеговина, во Х групата ремизираа со Кипар со 2:2 и останаа без важни бодови во борбата за Светското првенство.
Момците на Сергеј Барбарез поведоа по десет минути игра, кога Никола Катиќ се најде на вистинското место и ја смести во мрежата.
„Змејовите“ го удвоија водството благодарение на голманот на Кипра, Михаило. Тој ја фати топката по корнер, но падна и ја смести во мрежата. Тој сигнализираше дека е фаулиран во таа прилика, но залудно.
Сепак, Кипар успеа да го намали резултатот до крајот на првото полувреме. Стоперот Лаифис беше стрелец на голот.
Во второто полувреме, домашните се обидоа да израмнат и успеаја во судиското надополнување на времето. Шуњиќ стратуваше невнимателно, направи пенал, а Питас му донесе бод на својот тим.