Македонија
Ѓуровски: Тајната посета на рускиот митрополит Антониј е лоша вест и претставува ризик за националната безбедност
Изјава на проф. д-р Марјан Ѓуровски во врска со најавената посета на рускиот митрополит Антониј, задолжен за меѓународните односи на Руската православна црква (РПЦ) на РСМ: Тајната посета на рускиот митрополит Антониј, задолжен за меѓународните односи на Руската православна црква (РПЦ), е лоша вест и претставува ризик за националната безбедност, закана за социеталната (идентитетска) безбедност во земјата и е спротивна на државните и националните интереси на сите граѓани, вклучително и на црковните интереси на МПЦ-ОА.
Бидејќи неговото присуство може да предизвика негативни импликации зошто е дел од руската операција на хибридни закани, треба да се изрази јасен став дека не е добредојден митрополитот Антониј на територијата на Република Северна Македонија имајќи го предвид фактот дека поради војната во Украина, Русија ја вклучи Северна Македонија во списокот на непријателски држави и Путин ја користи руската црковна дипломатија за да ја оправда војната во Украина. Руската православна црква (РПЦ) дозволува да биде манипулирана од властите во нивната земја за да ја оправда нивната војна во Украина и никогаш се нема спротивставено на таквиот притисок.
Со посетата на митрополитот Антониј, највисокиот претставник на Московската патријаршија, која отворено ја поддржува инвазијата на Путин на Украина, прогласувајќи ја за праведна и војна за одбрана на православието, оправдувајќи го убивањето цивили, жени и деца, може да биде компромитирана и македонската држава иако ја подржува Украина. Меѓуцрковните односи се составен дел на меѓудржавните односи и се од особен интерес за македонската држава.
Македонската православна црква-Охридска архиепископија, иако не е дел од секуларната влада на државата, е непроменлив дел од нашето лице кон светот и доколку некој претставник на високото свештенство заземе политички позиции или се сретне со официјален руски претставник, кој изразува поддршка на руската агресија и на предавничката војна на Русија против Украина, во најмала рака се скандализира самата средба зашто секоја средба со претставник на рускиот патријарх Кирил во време кога се води војна во која загинаа десетици илјади невини украински граѓани, а милиони беа подложени на нехумани услови за живеење, таквото однесување не може да остане без последици и кај домаќинот во Скопје. Основата на христијанството е мирот, а свештенството, како непроменлив дел од темелите на нашата држава, не треба да подлегнува на намерни провокации, како ваквите необјаснети и тајни посети, кои се спротивни на црковната и државната дипломатија.
Усвојувањето проруска позиција од страна на Македонската православна црква-Охридска архиепископија може да доведе до сериозни дипломатски компликации не само со другите православни цркви туку и со некои нашите соседи, како грчката држава.
Интересите на Република Северна Македонија како членка на ЕУ и НАТО се да одржува најблиски сојузнички и најблиски односи со нашите соседи и тоа е важен проблем. Примарната задача на руските власти и во Кремљ и во Московската патријаршија е да покажат дека не се изолирани поради војната во Украина. Особено значење се придава на учеството на претставници на РПЦ на настани во европските земји и по правило руската дипломатија тоа го прикажува како одобрување на руските воени акции, од тука е индиректната одговорност што ја носи РПЦ за крвопролевањето во Украина.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Партизански Одреди бр. 95, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (локално над 25 l/m2) и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност од денеска до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на денешниот ден и во четврток (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните.
Стабилизирање на времето се очекува од недела.
Македонија
Муцунски во Белград: Регионалното поврзување е клучно за забрзување на европската интеграција
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вечерва во Белград учествуваше на работна средба со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).
Фокусот на разговорите беше ставен на проширувањето на Европската унија, актуелните геополитички околности и предизвиците што произлегуваат од нив, како и на регионалната безбедност и неопходноста од засилено регионално поврзување и соработка.
Министрите уште еднаш ја потврдија важноста на ЦЕИ како стабилна платформа за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, унапредување на партнерствата и ефективно справување со регионалните предизвици.
Во своето обраќање министерот Муцунски ја нагласи улогата на регионалното поврзување и регионалните иницијативи како клучни алатки за забрзување на европската интеграција – најзначајниот процес за поддршка на мирот, безбедноста и економскиот развој на континентот. Тој ја потврди целосната посветеност на Република Северна Македонија на европскиот пат, нагласувајќи дека тоа е геостратешка неопходност за стабилен, сигурен и просперитетен регион.

