Македонија
ЗНМ: Новинари спречени да известуваат од настан на кој присуствувал премиерот Ковачевски
За време на денешниот настан во кругот на фабриката ,,Пекабеско” во Скопје каде бил присутен премиерот Димитар Ковачевски новинарите Љупче Златев и Предраг Кукиќ биле спречени да присуствуваат на настанот и да постават прашања до премиерот, информираше Здружението на новинари на Македонија.
„Според информациите кои пристигнаа до ЗНМ од колегите новинари присутни на настанот, од страна на лице вработено во приватната агенцијата за обезбедување „РОТЕ“ им биле побарани новинарски акредитации кои според сведочењето на новинарите тие им ги покажале и потенцирале дека добиле покана од Владата за овој настан. Обезбедувањето сепак ги спречило да влезат на настанот, за да си ја извршат својата новинарска задача.
По реакциите од страна на нашите колеги новинари за овој инцидент, ЗНМ ќе достави претставка до Комората за приватно обезбедување на Република Северна Македонија со цел расчистување на овој инцидент за агенцијата за обезбедување РОТЕ“, велат од ЗНМ.
Потребно е, како што додаваат од таму, да се знае дека припадниците на агенциите за приватно обезбедување во ниеден случај не смеат да ја ограничат работата на новинарите и медиумските работници кои известуваат бидејќи на тој начин се ускратува и правото на информирање на граѓаните.
„Укажуваме дека одговорноста за вакви попречувања на работата на новинарските екипи е и на товар на организаторот и на Владата која ги поканила новинарските екипи. Затоа бараме и Владата и компанијата Пекабеско да спроведат внатрешна истрага за да се спречат вакви инциденти во иднина“, е наведено во реакцијата од страна на ЗНМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

