Топ
OJO за случајот во коj маж ги убил неговите мајка и баба: Извршен е увид на лице место
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во стан на улицата “Рузвелтова” каде, според првичните сознанија, 40-годишен маж ги лишил од живот неговите мајка и баба, соопштија од оваа институција.
„Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител ќе издаде наредби за обдукција на починатите, како и за вештачење на сите траги пронајдени на лице место“, се додава во соопштението од Основното јавно обвинителство-Скопје.
Соопштението следи по информацијата дека денеска околу 14.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода 40-годишниот М.Ј. од Скопје, поради сомнение дека околу 14.20 часот во стан на улица „Рузвелтова“ со остар предмет ги нападнал неговата мајка и баба на возраст од околу 60 и 80 години, кои од здобиените повреди починале, извести МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Четири возила се судрија пред Клинички центар „Мајка Тереза“, неколку лица се повредени
Сообраќајна несреќа вечерва вечерта се случи на булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје, пред влезот на Клиничкиот центар. Според првичните информации, во несреќата учествувале четири возила.
Неофицијално, неколку лица се пожалиле на повреди, но официјални информации од МВР се очекуваат во текот на денешниот ден.
Топ
Еден починат и еден тешко повреден во несреќа во лифт во Штип
Едно лице почина, а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според првичните информации се случила во лифт во угостителски објект во Штип.
Повеќе детали околу несреќата засега нема, но од СВР Штип велат дека во тек е увид од страна на полицијата, јавен обвинител од ОЈО Штип, а на терен се и државни инспектори.
Според првичните информации починатото лице и неговиот колега извршувале работна задача во моментот на несреќата.
Топ
Бебе почина во болница во Охрид
Вчера во СВР Охрид, пријавено е дека во 8.10 часот во Општа болница во Охрид починало деветмесечно бебе.
Бебето претходно во Службата за итна медицинска помош било донесено во неконтактибилна состојба. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвиниел телото е дадено на обдукција, информираат од СВР Охрид.
Пред неколку дена, на 14 мај 2024 година, почина седуммесечно бебе од Вевчани во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ по извршен хируршки зафат.
Бебето било донесено во болница од неговата мајка. Според пријавеното, било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење веднаш била извршена операција.
Според изјавата мајка, повредите бебето ги добило откако паднало од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани.