Спорт
Адетокумбо имаше помалку поени од скокови и асистенции, но Милвоки победи

Атланта Хоукс без помошта на Тре Јанг не успеа да избегне пораз од Милвоки на домашен терен. Тие загубија со 114:105, а имаа шанса и за триумф откако се вратија од огромна негатива по првиот период кој го загубија со 39:19.
Дури и поведоа со 103:101 на три минути пред крајот благодарение на поените на Богдан Богдановиќ, но следеше серија од 10:0 на Милвоки и прашањето за победникот беше решено. Холидеј со 27 поени и Лопез со 20 беа најефикасни кај победникот.
Особено интересен ефект имаше Јанис Адетокумбо. Гркот имаше само седум поени, но дури 18 скока и десет асистенции. Богдан Богдановиќ во редовите на Атланта се истакна со 22 поени, Хантер додаде 16, а Колинс заврши со 15 поени.
Вашингтон го победи Чикаго со 100:97 со тројката на Кајл Кузма на шест секунди пред крајот. Во поразениот тим Никола Вучевиќ имаше 15 поени, 10 скока и пет асистенции.
Пребројувањето на Левин достигна до 38, но и тоа не беше доволно за Чикаго. Кузма со 21 поен и Гил со 18, ги предводеа „волшебниците“ до победата.
Мемфис го држи врвот на Западот со Денвер. Отпорот на Сан Антонио го скршија и славеа со 135:129 со 38 поени на Џа Морант. Детроит Пистонс ја победи Минесота со 135:118, а одличен беше хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ со 27 поени.
Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар во НБА лигата.Тој во победата на Денвер над Феникс (126:97) учествуваше со 21 поен, 18 скока и девет асистенции. Јокиќ на паркетот мина 28 минути, а ова беше 12. триумф во низа на Нагетс на домашен паркет.
Во победничкиот тим Хајленд постигна исто како и Јокиќ, 21 поен, а Крег и Мари додадоа по 16.
На другите натпревари беа постигнати следните резултати: Бостон – Њу Орлеанс 125:114, Њујорк – Индијана 119:113, Сакраменто – Хјустон 135:115.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тухел: Англија на Светското првенство оди како аутсајдер

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел, изјави дека неговиот тим ќе биде аутсајдер на Светското првенство следното лето и дека нема шанси за успех ако тимот не се обедини.
Репрезентацијата на Англија играше во две последователни финалиња на Европските првенства, но не стигнаа до финалето на светските првенства од 1966 година, кога ја освоија својата единствена голема титула во историјата.
Англија ќе се квалификува за Светското првенство во САД, Канада и Мексико ако ја победи Латвија во Рига во вторник, а Србија не успее да ги победи Албанија или Андора во нивните претстојни натпревари. А ако тоа не се случи, Англичаните ќе го заверат својот билет за Светското првенство во ноември.
„Ќе дојдеме на Светското првенство како аутсајдери бидејќи не сме го освоиле со децении и ќе играме против тимови кои го освоиле во неколку наврати во тој период, па затоа мора да одиме таму како тим, во спротивно немаме шанси“, рече Тухел, објави „Скај Спортс“.
Зборувајќи за составот, Тухел рече дека се обидува да избере играчи кои можат да го обединат тимот, тимот да биде тим, бидејќи на Англија ѝ е потребен најдобриот тим на Светското првенство.
Тухел ја презеде репрезентацијата во јануари и победи на пет од шест натпревари откако тимот беше поразен во пријателски натпревар од Сенегал.
„Ако никогаш не сте го освоиле Вимблдон, можете да бидете еден од фаворитите, но не и фаворит. Тука се Бразил, тука се Аргентина, Шпанија, Франција и тие неодамна го освоија СП. Тоа не значи дека немаме шанси и тоа го знаеме многу добро. Прво да се квалификуваме, а потоа ќе знаеме точно зошто одиме таму“, рече Тухел.
Англија вечерва ќе игра пријателски натпревар против Велс, а на 14 октомври против Латвија во квалификациите за СП.
На табелата од Групата К, Англија е прва со сите 15 бода, Албанија е втора со осум бода, а третото место и припаѓа на Србија со седум бода, но и со натпревар помалку. Латвија има четири бода, а последна е Андора без бодови.
Првопласираните екипи од секоја група ќе се пласираат директно на Светското првенство, а второпласираните екипи ќе играат во баража за пласман на Мундијалот.
Спорт
Ѓоковиќ 10-ти пат во кариерата ќе игра полуфинале на Мастерсот во Шангај

Новак Ѓоковиќ избори пласман во полуфиналето на Мастерсот во Шангај. На задоволство на кинеската публика, Ѓоковиќ во четвртфиналето, за еден час и 50 минути, го победи Белгиецот Зизу Бергс со 6:3, 7:5.
Ѓоковиќ го подобри рекордот поставен во вторникот, стана највозрасниот полуфиналист во историјата на тутнирите од Мастерс серијата. Десетти пат во кариерата ќе игра полуфинале во Шангај, вкупно на турнирите од Мастерс серијата во сабота 80-ти пат ќе игра во полуфиналето.
Освојувачот на 24 Грен слем титули, се до финишот на мечот немаше проблеми со талентираниот Берг. Лесно го доби првиот сет, откако направи брејк во петтиот гем. Можеше во првиот сет да одигра и гем помалку, но во осмиот гем не искористи пет сет топки на сервис на противникот.
Во вториот сет, тенисерите беа сигурни кога сервираа се до деветтиот брејк, кога Ѓоковиќ го брејкна Бергс, но во наредниот гем, кога Србинот сервираше за победа, Белгиецот возврати.
Нов брејк напраби Ѓоковиќ во 11-от гем, потоа кога сервираше не искористи две меч топки, Берг дојде до брејк шанса, но со три неизнудени грешки му го подари гемот, а со тоа и победата на Ѓоковиќ.
Интересно, Ѓоковиќ со само 11 директни поени дојде до победата, му помогнаа 40-те неизнудени грешки на Бергс.
Противник на Жоковиќ во полуфиналето ќе му биде најголемото изненадување на турнирот, 211- от на АТП листата, Валентин Вашеро.
Foto/ EPA
Спорт
Еспањол има нови газди

Шпанскиот фудбалски клуб Еспањол од Барселона има нови сопственици.
Од четврток, каталонскиот клуб официјално е во рацете на американската компанија „Velocity Sports Partners (VSP)“, која пак е дел од поголемата група „ALK Capital“, во сопственост на Американецот Алан Пејс.
VSP го купи поголемиот дел од пакетот акции (99,66%) по цена од 130 милиони евра, според шпанските медиуми.
Претходниот сопственик на клубот, кинеската компанија „RASTAR“, ќе остане дел од управувачката структура, во иднина со малцински удел – поточно со процент од 16,45% (по купувањето на дел од акциите по цена од 65 милиони).
Компанијата VSP го поседува и англискиот премиерлигаш Барнли во своето портфолио.
Во соопштението се вели дека VSP е „подготвен да ја заработи довербата и поддршката на заедницата преку конкретни акции, одразувајќи ги вредностите на транспарентност и долгорочна посветеност што ја водеа неговата работа и во Барнли“.