Контакт

Македонија

Пендаровски: Поддршката за членство во ЕУ опаѓа од разни причини, особено кај етничките Македонци

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на амбасадорска тркалезна маса со наслов „Западен Балкан помеѓу Западот и Истокот: Северна Македонија – членка на ЕУ до 2030 година?“, во организација на Советот на амбасадорите. Тој говореше за евроинтегративниот процес на Македонија и регионот, влијанието на руската инвазија врз Украина на Западен Балкан, како и за домашната реформска агенда, вклучително и борбата против корупцијата.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Пендаровски оцени дека поддршката за членство во Европската Унија опаѓа од разни причини, особено кај етничките Македонци, и укажа дека постоењето дивергентни ставови за важни прашања во надворешната политика е тешко за менаџирање од страна на носителите на одлуки.

Тој посочи на две можни ситуации во наредните години – да правите одлични реформи, а фокусот на Европската Унија да не е на Западен Балкан или да не правите реформи дома, а Европската Унија да има фокус на регионот. И во двете ситуации, според претседателот Пендаровски, ќе нема напредок во интеграциите и додаде дека е потребна посветеност од двете страни – и во однос на реализацијата на реформите и во однос на фокусот кон регионот.

Во контекст на руската инвазија на Украина, претседателот Пендаровски оцени дека првпат по кумановскиот и охридскиот договор, стабилноста на Западен Балкан е приоритет на меѓународната заедница, а не интеграциите.

„Специфично за Западен Балкан, по војната во Украина, по 24 февруари, Европа е повторно во фокусот на надворешната политика на САД, а со тоа и Западен Балкан како сегмент од тоа затоа што по сите процени на експертите, на политичарите и на дипломатите, ако Русија се обиде да го одвлече вниманието на целокупната западна алијанса, која ѝ помага на Украина да се ослободи, тоа полесно ќе го направи на Балканот отколку на Балтикот“, рече претседателот Пендаровски.

Говорејќи за регионалните иницијативи, вклучувајќи ги „Отворен Балкан“ и Берлинскиот процес, претседателот Пендаровски повика Брисел да направи приоритизација меѓу овие две работи.

Осврнувајќи се на главната тема на тркалезната маса, претседателот Пендаровски истакна дека членството во ЕУ до 2030 година е можно, но за тоа, според него, потребно е одржување на националниот консензус и Брисел да го задржи вниманието кон регионот.

„Дали е можно членство до 2030? Можно е. Ние имаме внатрешен потенцијал, имаме паметни луѓе, имаме искуство, имаме одамна поставено систем за преговори и сме најдобро, неспорно најдобро, подготвен кандидат во историјата на Европската Унија, меѓутоа не сум сигурен во овој контекст и во овој комплекс на прашања за две други работи. Прво, не знам дали ќе постигнеме национален консензус по тоа прашање. Во овој момент го немаме. Значи, зборувам за реален, не за реторичен консензус. Дали ќе постигнеме и дали ќе го одржуваме бидејќи мора да го одржувате со години и години додека траат преговорите и, второ, не знам дали Европската Унија и по завршување на војната во Украина, ќе го задржи фокусот врз регионот“, рече претседателот Пендаровски.

Во таа насока претседателот Пендаровски рече дека по почетокот на руската инвазија на Украина, геостратешките резони почнаа да доминираат и во логиката на Европската Унија по што следуваа одлуките за доделување на кандидатскиот статус на Босна и Херцеговина, на Украина и на Молдавија.

Македонија

Герасимовски на средба со Стопанската комора Македонија–Турција: Заеднички проекти за развој на општината

Објавено пред

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски оствари средба со Стопанската комора на Македонија–Турција (MATTO), на кој се разговараше за можности за заеднички проекти и развој на Општина Центар.

dobivaj vesti na viber

На средбата претставниците на MATTO му упатија честитки по повод именување на функција градоначалник со втор мандат на Општина Центар.

„Соработката со MATTO ќе донесе нови можности за развој на Општина Центар”, изјави градоначалникот на денешната средба со претставниците на Стопанската комора на Македонија–Турција (MATTO)

Двете страни ја потврдија подготвеноста за унапредување на соработка преку иницијативи и проекти кои ќе придонесат за економскиот и општествениот развој на општината. Турските инвеститори и македонските компании во рамки на MATTO изразија интерес за партнерства што ќе создадат нови развојни можности и ќе ја зајакнат локалната економија

Прикажи повеќе...

Македонија

Фатени со пари и список од врата до врата – двајца охриѓани пријавени за изборен поткуп

Објавено пред

Полицијата од Охрид поднесе кривична пријава против Р.А.Д. (50) и Ј.С. (44) од овој град, поради сомнение за кривичното дело поткуп при избори и гласање.

dobivaj vesti na viber

Според полицијата, на 19 октомври, за време на локалните избори, двајцата биле затекнати како се движат од куќа до куќа со пари и список што содржел лични податоци и адреси на жители со избирачко право во Охрид. На евидентирани лица им нуделе и делеле парични средства, со намера да ги придобијат да гласаат во корист на кандидат за градоначалник на една политичка партија.

По целосно документирање на случајот, пријавата е поднесена до надлежен орган за понатамошна постапка.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски: Без ефикасна и чесна даночна администрација нема силна економија и одржливи јавни финансии

Објавено пред

Без ефикасна и чесна даночна администрација нема ниту силна економија, ниту одржливи јавни финансии, ниту држава што може да планира стабилно и да инвестира во својата иднина, истакна премиерот Христијан Мицкоски на Денот на даночните работници.

dobivaj vesti na viber

Ова рече Мицкоски е ден кога треба да се говори за дисциплината, знаењето, моралот и професионалноста.

„Ден кога се потсетуваме дека јавните приходи не се бројки на хартија, тие се плати на наставници и доктори, нови патишта, функционален здравствен систем, поддршка за компаниите, социјална сигурност за секој граѓанин. Од јануари до крајот на октомври годинава, нето наплатата на даноците и социјалните придонеси достигна 3 милијарди и 600 милиони евра“.

Тоа, како што посочи е за 260 милиони евра повеќе од минатата година.

Според него тоа значи дека економијата расте.

„Активноста се зголемува. Компаниите работат. Платите растат. А со тоа растат и приходите.

Но, тие бројки зборуваат и за нешто друго, за довербата помеѓу државата и бизнисот. За довербата помеѓу институциите и граѓаните. За тоа дека кога државата работи чесно и предвидливо, граѓаните возвраќаат со дисциплина и чувство на обврска. Навременото поднесување на ДДВ-пријавите за јануари – септември периодот 2025 година изнесува 95%. Во споредба со 2024 година, кога изнесуваше 92%, ова е огромен чекор напред и уште поважно:Навременото плаќање на ДДВ порасна на 81% од тоа што беше во претходните две години 76%. Ова е доказ дека системот станува посилен, подисциплиниран и поефикасен“.

Мицкоски дополни дека ниту еден напредок нема вистинска вредност ако не се брани од најголемата закана за секоја држава, корупцијата.

Во оваа борба, УЈП, додаде тој е клучна фронт-линија.

„Ви ветувам дека ќе продолжиме да инвестираме во вашиот капацитет, во подобри услови за работа, во дигитални алатки кои ќе го олеснат секој процес, и во политики кои ќе ја направат земјата уште поконкурентна.Нашата цел е многу јасна силна економија, стабилни јавни финансии, праведно општество и држава во која даночниот систем е фер, ефикасен и целосно заштитен од корупција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

(Видео) Мицкоски: Без ефикасна и чесна даночна администрација нема силна економија и одржливи јавни финансии

Без ефикасна и чесна даночна администрација нема ниту силна економија, ниту одржливи јавни финансии, ниту држава што може да планира...

Топ1 час

Струмичанецот кој со шприц сакаше насилно да ѝ вбризга на сопругата пестицид ќе одговара за обид за убиство

Струмичанец со шприц сакал насилно да ѝ вбризга на сопругата пестицид. Таа почнала да вика, а двете малолетни деца слушнале...

Македонија2 часа

Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е исправна и може непречено да се употребува, велат од „Водовод“ по труењето во училиштето

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека по извршениот вонреден мониторинг, водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во...

Македонија2 часа

(Фото) Отстранета дивоградба на улицата Орце Николов, Герасимовски најави расчистување на бесправните објекти

Во рамките на обемната акција за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на деловен објект на улица „Орце...

Свет4 часа

Норвешки ветеран: НАТО влегува во фаза на распаѓање

Во блиска иднина, НАТО не само што би можел да ослабне, туку и да престане да постои како релевантен воено-политички...

Македонија4 часа

Жителите на Чучер-Сандево тргнаа во наплата на изборните ветувања: ја бараат ветената канализација од градоначалникот Зоран Бајовски

Со уредно платени комуналии за куќите жителите на четири улици, кои припаѓаат на Општина Чучер-Сандево, иако се многу поблиску до...

Свет5 часа

Путин постави клучен услов за завршување на војната, Зеленски го отфрла

Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера изјави дека ќе ја запре офанзивата во Украина само ако Киев се повлече од териториите...

Свет6 часа

Трамп со драстична мерка: „Трајно ја забранувам миграцијата од третиот свет“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави драстична мерка – трајно суспендирање на миграцијата од сите земји од третиот свет. Шокантната...

Свет15 часа

Зеленски: Украинските и американските делегации ќе изработат „формула за мир“ оваа недела

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денес изјави дека украинските и американските делегации ќе се состанат оваа недела за да ја изработат...

Македонија19 часа

Мицкоски: Ако се жалат судиите со 3-4.000 евра месечни примања, тогаш како им е на дечињата во градинка кои немаат играчки за играње

Реновираме градинки, училишта, цениме дека е поголем приоритет отколку да ги зголемиме платите на судиите и обвинителите. Мислиме дека е...

Македонија22 часа

Поради превенција од свлечиште на Водно надлежните на итна координација

Поради превенција за активирање на свлечиштето на падините на Водно, во близина на улиците „Белградска“ и „Партенија Зографски“, и реалната...

Македонија23 часа

Филков до СДСМ: Груевски има политички азил, се занимавате со циркус, а не со реална работа

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање од Миле Талески од СДСМ, зошто не се бара екстрадиција на...

Македонија24 часа

Мицкоски: Главен фокус в година ќе бидат капиталните инвестиции, целта е да дојдеме до раст на БДП над 4 отсто проценти

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница во Собранието за пратенички прашања истакна дека в година главен фокус на Владата ќе...

Регион1 ден

Нема да биде екстрадиран: Ацо Боцевски, 28 години по убиството, живее во Грција и издава соби

Солунскиот жалбен совет одлучи да не го екстрадира во Македонија 60-годишниот Ацо Боцевски, познат под прекарот Циганот, осуден на повеќегодишна...

Регион1 ден

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: четири лица загинаа во судир на комбе и работна машина – валјак

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово, околу 6:20 часот, на патот помеѓу Ириг и Рума во Србија,...

Топ1 ден

(Видео) Сообраќајна несреќа во центарот на Скопје: пешак удрен од автомобил пред гимназијата „Јосип Броз-Тито“

Во текот на вчерашниот ден на улицата „Димитрие Чуповски“ пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје се случи...

Свет1 ден

Суспендирана миграцијата од Авганистан во САД откога Авганистанец застрела припадници на Националната гарда во близина на Белата куќа

Двајца припадници на Националната гарда на Западна Вирџинија се во критична состојба откако вооружен човек отвори оган врз нив во...

Свет1 ден

(Видео) Нови податоци: најмалку 55 лица загинаа во пожарот во облакодер во Хонг Конг

Бројот на жртви од катастрофалниот пожар што зафати станбен облакодер во Хонг Конг се искачи на најмалку 55, потврди противпожарната...

Свет1 ден

Двајца гардисти застрелани во близина на Белата куќа; Трамп: Животното што го изврши злосторството ќе ја плати највисоката цена

Двајцата војници на американската Национална гарда кои беа застрелани во близина на Белата куќа во среда се во критична состојба,...

Свет1 ден

Девојка убиена, млад маж повреден во напад на ајкула во Австралија

Една жена загина, а еден маж е сериозно повреден во напад од ајкула во близина на популарно место за сурфање...