Спорт
Але со хет-трик за 10 минути за Борусија Дортмунд против Базел

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастиен Але постигна хет-трик за помалку од 10 минути на пријателскиот меч против швајцарскиот ФЦ Базел, негови први голови по враќањето на теренот по победата над ракот на тестисите.
Дортмунд победија со 6:0 на пријателскиот меч во Шпанија, на кој Але, кој се врати во составот на тимот пред четири дена, успеа да блесне со три гола за помалку од 10 минути.
Але уште нема официјален настап за Дортмунд по неговиот трансфер од Ајакс, откако на тренинзите пред сезоната му се слоши, а потоа медицинските тестови покажаа дека има тумор во тестисите, по што репрезентативецот на Брегот на Слонова Коска беше на две операции и повеќе тури на хемотерапија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Сити го прегази Јувентус

Фудбалерите на Манчестер сити го декласираа Јувентус во Орландо (5:2) и ја освоија првата позиција во Групата Г на Светското клупско првенство. .
Џереми Доку постигна гол за „граѓаните“ во деветтата минута, Пизедначи Теун Копмајнерс две минути подцна, а потоа следувше канонада кон голот на Јувентус.
Мрежата на „старата дама“ ја погодија Пјер Калулу (автогол) во 26-та минута, Ерлинг Халанд во 52-та, Фил Фоден во 69-та минута и Савињо во 75-та минута. Вториот гол за Јуве го постигна Душан Влаховиќ во 84-та минута.
Сити и Јувентус од оваа група се пласираа во осминафиналето.
Спорт
Младинците на Холандија го освоија Европското првенство

Холандската фудбалска репрезентација ја победи Шпанија со 1:0 во финалето на Европското првенство во фудбалери до 19 години, кое се одржа во Романија.
Шпанците не успеаја да слават по 13-ти пат, за среќа на Холанѓаните, кои за прв пат станаа европски шампиони во оваа категорија.
Двата тима внимателно влегоа во финалето, а клучниот момент се случи во 63-та минута кога шпанскиот репрезентативец Раул Хименез си постигна автогол, кој подоцна ќе се покаже како одлучувачки.
Залудно, до крајот на натпреварот, Шпанија се обидуваше да го промени резултатот, и покрај нападите, реализацијата изостана, а титулата европски шампион отиде во рацете на Холандија.
Спорт
Европско првенство во џудо за кадети од денес во Скопје

Отворено е Европското првенство (ЕП) во џудо за кадети, во организација на Европската џудо-унија (ЕЏУ), кое од денес до недела ќе се одржи во Скопје
Под мотото „Младите ѕвезди на иднината“, овој престижен настан ќе ги собере најдобрите млади џудисти од целиот континент, кои ќе се натпреваруваат за европските медали и ќе ги покажат својата сила, техника и спортски дух.
Македонија за првпат е организатор на Европско првенство во џудо, а по тој повод на отворањето на настанот се обрати министерот Панче Тошковски кој рече дека чест и задоволство е што државата ги пречекуваме младите џудисти и нивните поддржувачи од цела Европа.
„Џудото нè обликува преку дисциплина, почит и стремеж кон извонредност – вредности што силно ги цениме. Ова првенство е вистинска манифестација на младешкиот дух, истрајноста и светлата иднина на овој благороден спорт.“, потенцираше министерот.
Претходно беше потпишан Мемнорандум за разбирање помеѓу Министерството за внатрешни работи, Европската џудо федерација и Националната џудо федерација на Македонија. Целта е соработка на проекти за промоција и џудото Македонија, со посебен фокус на едукација на полициски службеници во областа на џудо спортот и самоодбраната. Планирани се програми за физичка обука базирани на џудо за полициски службеници за подобрување на самоодбраната, техниките на ограничување на движењето и целокупната физичка подготвеност и соработка во многу други активности кои го промовираат спортот, дисциплината и здравото живеење на младите.