Спорт
Тоби Прајс има 12 секунди предност пред финалето на рели Дакар

Лидерот на релито Дакар кај мотоциклистите, Тоби Прајс (КТМ) има само 12 секунди предност на една етапа пред финалето на маратонската трка. Претпоследна етапа се одвиваше драматично, при што Прајс стартуваше 28 секунди пред Скајлер Хаус (Хускварна), но Кевин Бенавидес (КТМ) се очекува да биде втор, и покрај тоа што загуби 20,42 минути од Австралиецот.
Етапата беше долга 154 километри – меѓу Шеиба и Ал-Хофуф, а Бенавидес застана за да му помогне на друг возач на КТМ, Матијас Валкнер, кој падна 55 километри по стартот. Се очекува судиите да вратат 23,10 минути од времето на Бенавидез, што би избришало голем дел од неговата разлика во однос на Прајс во генералниот пласман.
🏜 This was the Empty Quarter 😍#Dakar2023 pic.twitter.com/3gade9jqhp
— DAKAR RALLY (@dakar) January 14, 2023
Хавис падна на третото место во генерален пласман, со 1,31 минута заостанување од првото место.
Етапата ја освои Лучијано Бенавидес (Хускварна), а потоа следеа Мајкл Доерти и Адриен ван Беверен. Ова е четврта етапна победа за Лусијано оваа година.
Што се однесува до Валкнер, медицинскиот тим кој го евакуирал објавил дека е свесен, но има болки во грбот.
Утре е последната етапа од 45. издание на релито „Дакар“, од Ал-Хофуф до Дамам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Матиќ блиску до трансфер во Ајакс

Немања Матиќ го напушти Олимпик Лион, откако согодбено се раздели со клубот.
Според холандските медиуми, Ајакс бара искусен играч од средниот ред, а поранешниот капитен на српската репрезентација е една од опциите.
Менаџерите на Ајакс не се загрижени од фактот дека Матиќ има 36 години, а она што ги прави среќни е што тој би можел да дојде како слободен играч.
Покрај Ајакс, интерес за Матиќ покажа и Валенсија.
Foto/ EPA
Спорт
Челзи се отворени за преговори, Баерн го сака Нкунку

Баерн Минхен тргна по Кристофер Нкунку, а од Челзи е отворени за преговори.
Откако Штутгарт ги отфрли сите понуди за Нико Волтемаде, Баерн Минхен беше принуден да се сврти кон други цели, сега главна е Кристофер Енкунку.
Французинот долго време се поврзуваше со Баерн, но до денес немаше конкретни преговори.
Челзи сака да го продаде, Баерн се обидува да го заврши договорот како позајмица со право на откуп. Сепак, продажбата не е невозможна, особено поради фактот што Челзи е подготвен да преговара за сума до 40.000.000 евра.
Винсен Компани верува дека Енкунку може да биде одлична опција, кога во тимот долго време ќе го нбема повредениот Џамал Мусијала, но и подоцна како замена за Хари Кејн, бидејќи покрива повеќе позиции во нападот.
Тој беше поврзуван со Интер, но конкретни преговори меѓу двете страни немаше. Енкунку сака да се приклучи на Баерн и чека исход од преговорите со Челзи.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Олимписките објекти во Лос Анџелес ќе ги носат имињата на спонзорите

Организацискиот комитет на Олимписките и Параолимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година објави дека арените во тој град ќе носат имиња на спонзори, што е прв пат во историјата на ова натпреварување.
„Овие револуционерни спонзорства не само што ќе донесат значителни приходи за „ЛА28“, туку ќе воведат и нови деловни практики што ќе и користат на целата Олимписка акција“, рече претседателот на Организацискиот комитет, Кејси Васерман, додавајќи дека одлуката е донесена со одобрение од Меѓународниот олимписки комитет (МОК).
Организаторите ги објавија имињата на првите два спонзори, па така терените за сквош ќе го носат името на медиумската компанија „Comcast“, додека одбојкарските сали во Анахајм ќе го носат името на јапонската компанија „Honda“.
Компаниите што веќе имаат имиња на спонзори на олимписките објекти (како стадионот SoFi) ќе имаат можност да ги задржат имињата.
Олимписките игри во Лос Анџелес се закажани од 14 до 30 јули 2028 година.
Фото/ Принтскрин