Црна хроника
Избега затвореник од Штипскиот затвор
Затвореник од Радовиш осуден на казна затвор од 14 месеци во петок побегнал од Клиничкиот центар во Штип каде пред една седмица бил хоспитализран бидејќи се жалел на болки во слепото црвео, потврдија од Упрвата за спроведување санкции
Осудениот Енис Васви Асанов, кој бил осуден за три кривични дела „тешка кражба“, „кражба“ кој ја издржувал затворската казна во Казнено поправниот дом Штип денеска побегнал од Клиничкиот центар Штип каде бил спроведен на 3-ти јули поради воспаление на слепото црево, по што итно му била извршена операција а поради. Поради природата на болеста осудениот бил задржан на лекување на Одделението за хируршки болести.Денеска, околу 5 часот наутро, Асанов побарал од дежурните полицајци надзорници да оди во тоалет и на враќање успеал да го удри надзорникот што го следел во пределот на десното око, при што овој се здобил со сериозна повреда. Откако надзорникот паднал, Асанов го скршил стаклото на вратата на помошниот влез во болницата и успеал да избега.Од Управата за спроведување санкции при Минситерството за правда велат дека нивната првична контрола покажала дека од страна на Казнено поправниот дом Штип биле преземени сите потребни мерки за обезбедување на осудениот додека се наоѓа на лекување за што биле ангажирани по двајца полицајци надзорници кои вршеле 24 часовно обезбедување на лицето.Полициите од Штип и Радовиш веќе започнале со потргата по побегнатиот затвореник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

