Црна хроника
Гевгеличанец злоставувал шестгодишно дете
Дваесет ичетири-годишен гевгеличанец сексуално се изживувал врз шест-годишно дете, за што обвинителството бара мерка притвор
Основното јавно обвинителство од истражниот судија на Основниот суд во Велес побара притвор за 24 годишниот гевгеличанец Ѓ.Д. кој извршил полов напад врз шест годишно машко дете. Обинетиот се товари дека во повеќе наврати во текот на мај и јуни годинава сексуално се изживувал врз детето на жената со која што тој живеел во заедница. Своите блудни страсти ги задоволувал во моментите кога мајката на детето не била дома. Злоставувачот му се заканувало на детето дека ако каже некому ќе го убие и него и неговата мајка.Но детето во една прилика не можело повеќе да го издржи насилството и кажало на својата баба, која веднаш случајот го пријавила во полиција. Гевгелиската полиција го привела Ѓ.Д. и по извршениот распит против него поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Велес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.