Македонија
Без вода делови на Бутел
Поради технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа, денес, без водоснабдување, од 9 ч, ќе бидат корисниците од општина Бутел, и тоа:
Поради водоводен приклучок ф-300 мм на улицата 2 во Визбегово („Њу стар“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Визбегово (општина Бутел). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со работните активности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес облачно време со повремени врнежи од дожд
Времето ќе биде променливо облачно со повремено врнежи од дожд, наместа пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни, проследени со појава на грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Под влијание на циклонска активност во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер. Потоа времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.
Македонија
Денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

„Розов пикник“ посветен на подигање на свеста за борбата против ракот на дојка
Во Градски парк, на „Школка“ денеска ќе се одржи „Розов пикник“ посветен на подигање на свеста за борбата против ракот на дојка, во организација на Здружението „Езра“. Според организаторите, на настанот ќе се обрати министерот за здравство, Арбен Таравари, како и актерката Весна Бејби Петрушевска.
Организаторите најавуваат дека на настанот ќе има бројни активности, како пилатес час, бесплатни медицински консултации, лотарија и богата музичка програма, а целта, според нив, е да се даде значајна поддршка на пациентите, нивните семејства и пријателите.
„Здружението ЕЗРА активно работи на подобрување на здравствената заштита и обезбедување на поддршка за пациентите. Нашата хумана мисија е водена од личните приказни, кои нè поттикнуваат да бидеме гласни за правата на пациентите и да им помогнеме да не се чувствуваат сами во оваа тешка борба. Ова е повик да застанеме заедно, да го поддржиме животот, да бидеме силен глас за сите оние кои сега се соочуваат со оваа болест и да им помогнеме нивната приказна да успее“, стои во соопштението на здружението.