Македонија
Вештаците не се појавија на рочиштето за Ласкарци, роднините на починатите се сомневаат во правосудниот систем

По одржани 107 судски рочишта и приближно толку одложени, роднините на загинатите во автобуската несреќа велат: „Судскиот процес оди во насока да се заборави случајот“. Ова по денешното одложено рочиште, на кое не се појавија вештаците што требаше да го презентираат супервештачењето, кое се чекаше цела година, го изјави Синиша Ристески, брат на починатиот Дејан Ристовски. Следното рочиште е закажано за четврток, но роднините се сомневаат дека и тогаш нема да се одржи.
„По четири години од трагедијата кај Ласкарци, со 16 починати, повеќе од 30 наши сограѓани со тешки повреди и трауми до крајот на својот живот, одржани 107 судски рочишта, приближно толку откажани, супервештачење, кое го чекавме повеќе од една година, и кога денеска требаше да се појават вештаците – не дојдоа. Повторно ми создава сомнеж дека овој судски процес оди во насока да се избегнат сеќавањата и да се заборави. И со тоа да не се даде можност вистината и правдата да излезат на виделина“, вели Синиша Ристески.
И натаму сите роднини што чекаат правда за несреќата и виновниците да одговараат – посочуваат дека се сомневаат во правосудниот систем.
„Што се однесува до денешното рочиште, на кое требаше да бидат вештаците и да ги објаснат своите заклучоци, иако уредно беа поканети според судечкиот совет, тие денеска не се појавија, така што, по ова, повторно се остава простор за сомнеж и иако за четврток судот се согласи дека ќе бидат присутни вештаците, во тоа не можеме да бидеме сигурни додека не се одржи“, додава тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Зелен хуман град почнува со собирање потписи за основање партија

Граѓанската иницијатива Зелен хуман град почнува процес на собирање 1.000 потписи за да основа партија.
„Драги луѓе, Зелен хуман град ја формира првата партија во Македонија која во срцето на својата политичка агенда ги позиционира социјалната правда, заштитата на животните и животната средина. ЗХГ е воедно и првата партија во историјата на Македонија што ја основаат долгогодишни волонтери, а не спонзори. Ја основаат луѓе што со години во континуитет ги вложуваат своето знаење, време, енергија, како и финансии, за да создадат здраво и функционално општество за сите – и за луѓето и за животните. Иако сме принудени да ја основаме партијата само за да имаме право да се кандидираме на избори – нашето делување останува идентично како и до сега – хоризонтално, со директна демократија и активизам, отворено за секој што ги дели нашите вредности“, велат од иницијативата.
Од таму велат дека втора изборна година по ред ја отвараат вратата на секој што смета дека има доволно знаење и ентузијазам да се придружи на нивната листа за Совет на Град Скопје.
Во изминатите 4 години, велат од таму, како дел од Советот на Град Скопје со само 2 од 45 советника успеавме да постигнеме неколку преседани.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 74 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 28.07. до 02.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 74 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
Бизнисменот Душко Чифлиганец загина во несреќа со мотор

Младиот бизнисмен Душко Чифлиганец загина на 32-годишна возраст во несреќа со мотор во Брно, Чешка.
Тој е син на познатиот стопанственик и универзитетски професор Ванчо Чифлиганец и беше заменик-претседател на „Адора бизнис-групацијата“.
Чифлиганец беше љубител на спортскиот мотоциклизам.