Црна хроника
Кривични пријави против четворица скопјани за недозволена трговија со оружје
Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје , до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.М.(48), К.Т.(52), К.Т.(44) и Н.С.(45) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривичното дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје.
При реализацијата на случајот пронајдени се и одземени: автоматска пушка кал.7,62, 2 рамки за автоматска пушка, 112 куршуми кал.7,62х39 мм за автоматска пушка, 2 рамки за автоматски пиштол М61 (шкорпион) со 29 куршуми кал.7,65 мм, 1 пиштол марка »Бровинг« кал 9 мм (кратка деветка) со рамка за истиот пиштол и 8 куршуми кал. 9 мм (кратка деветка) како и еден пригушувач за истиот пиштол.
Имено, по претходно добиено оперативно сознание дека М.М. недозволено поседува огнено оружје, Единицата за недозволена трговија превзеде соодветни мерки и активности за обезбедување на материјални докази.
Така на 14ти јуни СВР Скопје ЕНТДО изврши претрес во неговиот дом. При претресот во домот е пронајдено: автоматска пушка кал.7,62 х 39 со бришен број на пушката и број на лежиште на ударна игла 3790, 2 рамки за автоматска пушка, 112 куршуми кал.7,62х39 мм за автоматска пушка, 2 рамки за автоматски пиштол М 61 (шкорпион) со 29 куршуми кал.7,65 мм, 1 пиштол марка „Бровинг“ кал 9 мм (кратка деветка) со рег. бrој 5383 со рамка за истиот пиштол и 8 куршуми кал. 9 мм (кратка деветка) и еден пригушувач за истиот пиштол.
М.М. е приведен во службените простории на СВР Скопје ККИ -ЕНТДО каде во извршениот разговор појасни дека оружјето и муницијата кои беа пронајдени при претресот во неговиот дом ги купил во 2001 година за време на конфликтот и тоа автоматската пушка со една рамка ги купил од К.Т. со кој стапил во контакт преку К.Т.(44) по цена од 800 германски марки, а втората рамка со 112 куршуми за автоматска пушка му ги дал Н.С. за што му доплатил уште 200 германски марки. Пиштолот марка „Бровинг„ кал.9мм (кратка деветка) со една рамка и 8 куршуми кал.9 мм (кратка деветка) заедно со пригушувачот го купил од лице од Припор Кисела Вода , за цена од 500 марки.
Истиот ден К.Т.(44) и Н.С. се приведени во просториите на СВР Скопје ККИ ЕНТДО, а К.Т.(52) е недостапен заради што е распишана телеграма за негово пронаоѓање.
М.М. минува во евиденциите на МВР како сторители на кривични дела од областа на имотните деликти, Н.С. е извршител на кр.дело од областа на недозволена трговија со наркотични дроги . К.Т.(44) и К.Т.(52) не минуваат во казнената евиденција при СВР Скопје. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена пријавила дека партнерот ја нападнал и ѝ го одзел телефонот, оштетено и нејзиното возило во Кисела Вода
Вчера околу 20:50 часот, 31-годишна жена пријавила во полицијата дека била физички нападната од нејзиниот партнер Љ.З. во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода.
Според пријавата, тој ѝ го одзел мобилниот телефон, ја нападнал, ѝ упатил закани користејќи остар предмет, а подоцна и го оштетил нејзиното возило со тврд предмет, додека било паркирано во дворот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Фирма од Велес оштетена за над 21.000 евра преку фалсификувана електронска фактура
На 3 февруари 2026 година, во 07:15 часот, 60-годишна жителка на Велес пријавила во СВР Велес дека фирмата каде што работи е оштетена за 21.111 евра.
Според пријавата, компанијата извршила уплата на средства врз основа на фактура испратена од деловен партнер. Но, по добиена порака преку електронска пошта дека уплатата не била реализирана, фирмата стапила во контакт со банката и партнерот. Тогаш било утврдено дека оригиналната фактура била пресретната, фалсификувана и пренасочена, по што средствата биле уплатени на туѓа сметка.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Автомобили се судрија на патот Куманово-Скопје, едно лице тешко повредено, возачот бил без дозвола
На 3 февруари 2026 година, околу 10:55 часот, на регионалниот пат Куманово–Скопје, во селото Љубодраг, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила со кумановски регистарски таблички.
Според информациите од СВР Куманово, се судриле „ауди“, управувано од М.А. (47) од селото Љубодраг, и „шкода“, со која управувал Б.С. (51) од Куманово. Во несреќата тешко телесно бил повреден возачот на „шкодата“, додека полесни повреди добиле неговите сопатници Т.Р. (49) од Куманово и М.Ј. (49) од селото Черкези, како и возачот на „аудито“ и неговата сопатничка О.Ц. (45) од Куманово.
При увидот на местото на несреќата било утврдено дека едниот од возачите, немал возачка дозвола. Од полицијата најавија дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

