Свет
Кремљ за испраќањето ново западно оружје во Украина: Тоа е скапа глупост

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека планот за евентуално американско снабдување со тенкови „Абрамс“ за Украина е неуспешен од технолошки причини бидејќи овие тенкови се скапи, а како што рече, цената ќе ја платат европските даночни обврзници.
Можноста САД да ѝ испратат „Абрамс“ на Украина, Кремљ ја оцени како скапа глупост наведувајќи дека овие борбени тенкови ќе изгорат.
Евентуалните американски испораки на борбени тенкови за Украина ќе бидат уште една очигледна провокација против Русија, изјави денеска рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.
„Очигледно е дека Вашингтон намерно се обидува да ни нанесе стратешки пораз“, напиша Антонов на „Телеграм“.
Претходно денеска, Германија официјално потврди дека ќе испрати тенкови „Леопард 2“ во Украина.
Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе објави дека Вашингтон ќе ѝ ги испорача борбените тенкови „Абрамс„ на Украина, пренесува „Ал џезира“ повикувајќи се на неименуван американски функционер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
По две недели, студентите ја прекинуваат блокадата на РТС

Студентите во Белград вечерва објавија дека ја прекинуваат блокадата на зградата на Радио и телевизија на Србија, објави Б92.рс.
Тие на социјалните мрежи објавија дека ја прекинуваат блокадата што беше воведена од 14 април, откако Комисијата за култура и информации донесе одлука за откажување на стариот конкурс и распиша нов конкурс за избор на членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ).
Министерот за информации и телекомуникации, Борис Братина, синоќа изјави дека верува оти распишувањето на нов конкурс за избор на членови на советот на РЕМ, кој беше поставен како услов за прекин на блокадата на РТС, нема да ја заврши кризата околу јавниот сервис.
„Прво, оние што протестираат пред РТС всушност се на погрешна адреса. Бидејќи РЕМ се наоѓа на различна адреса од РТС, и тоа е она што всушност најмногу ги интересира, како и многу други. Генерално, тоа е еден вид борба за тој РЕМ, бидејќи највредните работи таму се всушност овие природни ресурси, со други зборови, фреквенциите што ги доделуваат“, истакна Братина.
Тој рече дека Владата добила писмо од директорот на РТС, во кое се наведува дека новинарите немаат услови да работат од дома, дека ситуацијата е тешка, дека програмата е доведена во прашање, но дека никаде не е наведено зошто.
Поради блокадата, РТС ја емитува својата програма според изменет распоред, а јавниот медиумски сервис објави дека вработените вложуваат големи напори за реализација и емитување на програмата, и покрај, како што велат, нелегалната блокада на зградата, студиото, емитувачката и другата опрема, како и прогонот на новинарите и снимателите на терен.
Свет
И Северна Кореја потврди дека нејзини војници се бореле против Украина

Кина одби да го коментира фактот дека и Москва и Пјонгјанг потврдија дека севернокорејските сили учествувале во борбите против украинските сили во Курската област, на руска територија.
И покрај изолацијата на Северна Кореја на меѓународната сцена и меѓународната осуда на Русија за нејзината целосна инвазија на Украина, Кина одржува економски и дипломатски односи со двете земји.
На прес-конференција, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, изјави дека „интеракцијата меѓу Пјонгјанг и Москва, вклучително и воената соработка, е нивна сопствена работа“.
„Ставот на кинеската влада е дека не се меша во односите на трети земји“, додаде Гуо.
Денеска Северна Кореја официјално првпат потврди дека, по наредба на лидерот Ким Џонг-ун, испратила сили да се борат заедно со руските сили во Курската област.
Русија првпат јавно ја потврди оваа информација два дена претходно. Пред тоа, ниту Москва ниту Пјонгјанг јавно не го признаа распоредувањето на силите.
Свет
Санчез до Шпанците: Користете ги мобилните телефони одговорно

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, изјави дека телекомуникациите се во критичен момент и ги повика граѓаните одговорно да ги користат своите телефони.
Официјалната причина за прекинот на електричната енергија сè уште е непозната, како што рече шпанскиот премиер.
Од друга страна, Португалците рекоа дека причината е редок атмосферски феномен во Шпанија.
Премиерот додаде дека нема дефинитивни информации за причината и додаде дека во моментов нема закана за јавната безбедност.
Санчез, исто така, истакна дека платните системи и дигиталното банкарство работат нормално.
Тој додаде дека Советот за национална безбедност ќе се состане повторно денес за да процени дали треба да се воведат дополнителни мерки.