Спорт
Судијата Клатенбург „избегал“ од Египет по обвинувањата дека е во хомосексуална врска
Поранешниот премиерлигашки судија, Англичанецот Марк Клатенбург си заминал од својата позиција како шеф на судиската комисија во египетскиот фудбал, откако наводно добил закани од навивачите и лични напади од официјалните лица на неколку клубови. Клатенбург беше на позицијата од минатиот август, добивајќи 35.000 долари месечна плата.
Мортада Мансур, претседателот на спортскиот клуб Замалек, 14-кратните египетски шампиони, во ТВ настап го обвини Клатенбург за корупција, опишувајќи го како „поткупен“ човек и обвинувајќи го дека е во хомосексуална врска, иако тој е оженет повеќе години. Покрај ова, адвокатот Халед Абу Бакр побара египетското обвинителство да покрене случај против Клатенбург, по што 47-годишниот Клатенбург се вратил во Англија.
Египетскиот фудбалски сојуз потврди дека Клатенбург си дал оставка, но посочија дека тоа мора да биде одобрено од федерацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шок во Минхен, Рагник не сака да биде тренер на Баерн
Ралф Рагник сепак нема да биде тренер на Баерн Минхен. Кристијан Фалк, веројатно најпознатиот инсајдер кога станува збор за она што се случува во германскиот великан, тврди дека 65-годишниот стратег решил да се заблагодари на понудата и да ја продолжи работата како селектор на Австрија.
Баерн Минхен по завршувањето на сезоната ќе остане без Томас Тухел. Резултатите му пресудија на тренерот и тој ќе го напушти клубот, дури и да ја освои Лигата на шампионите.
Баварците, од јануари, се бво потрага по нов тренер. Најпрвин ги одби Чаби Алонсо, а потоа и Јулијан Нагелсман. Алонсо реши да остане во Баер Леверкузен, а Нагелсман го продолжи договорот со Фудбалскиот сојуз на Германија.
„Скај Спортс Германија“, вчера објави дека Рагник е во завршни преговори со Баерн.
„Рангник е извонреден познавач на фудбалската сцена. Тој има исклучителни вештини за развој на играчи и тимови. Сè што слушнав за австриската репрезентација под негово водство е многу, многу позитивно. Разговорите со него одат во вистинска насока. Ако дојде, тоа ќе биде многу добро решение за нас“, изјави вчера претседателот Херберт Хајнер.
Преговорите со Рагник сепак не завршија поволно за Баерн. Тренерот решил да ја одбие понудата и да остане селектор на Австрија. Со Фудбалскиот сојуз на оваа земја тој има договор до 2026 година.
Спорт
Ванкувер ќе потроши 442 милиони долари за организација на Мундијалот
Проценетите трошоци за одржување на Светското првенство во 2026 година на „Би Си Плејс“ стадионот во Ванкувер, дупло се зголемиле во последните две години, изнесуваат 422 милиони долари.
Во март 2022 година беше најавено дека во Ванкувер ќе се одиграат пет натпревари на Мундијалот чии домаќини ќе бидат Канада, Мексико и САД. Во меѓувреме Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го зголеми бројот на натпревари на седум.
Документот се наведени торошоците на градот и покраината, заедно со работите на стадионот. Во ажурираните проценки влегуваат и факторите за сместување, работењето и барањата по посетата на ФИФА, зголемените претпоставки за инфлација и трошоците за основните услуги во јавниот сектор.
„Се разбира, ќе има повеќе трошоци и повеќе приходи, но ако се прошири на долг рок, придобивките се огромни и тие повеќе од сигурно ќе го исплатат тој дефицит“, рече градоначалникот на Ванкувер, Кен Сим.
Владата на Британска Колумбија соопшти дека натпреварите ќе привлечат околу 350.000 фанови во покраината и ќе генерира повеќе од една милијарда канадски долари, околу 727 милиони долари во туризмот во петте години по турнирот.
За реновирање на стадионот „Би Си Плејс“ е планирана инвестиција од 142 милиони американски долари.
Спорт
(Видео) Ѓоковиќ со неверојатен гест ги воодушеви најмладите во Црна Гора
Најдобриот светски тенисер, во регионот се подговтува за претстојните предизвици: Мастерсот во Рим, втроиот грен слем во сезоната Ролан Гарос, Вимблдон и Олимписките игри во Париз.
Ѓоковиќ од Дубровник се пресели во Тиват, каде со еден потег ги воодушеви најмладите.
Црногорските медиуми објавија дека тој се шетал во Тиват маскиран во рибар и играл тенис со најмладите низ градските улици.
По десетина минути Србинот ја тргнал маската (капата и брадата), настанала ерупција од воодушевување кога луѓето забележаа дека тоа е Новак Ѓоковиќ.
👋 @DjokerNole in Tivat,Montenegro today 🇲🇪#Djokovic @NDjokofan #Montenegro #NoleFam
📸:https://t.co/ffzvnRfzFq pic.twitter.com/lubTMT2DJK
— Milica Milutinovic (@MilicaM84932667) May 1, 2024