Европа
ЕУ дозволува уште два инсекта да се користат во човечката исхрана
Замрзнат, сушен или во прав: отсега штурците може да се користат и како храна во ЕУ. Што точно е дозволено, кои се придобивките од инсектите во исхраната, што е со алергиите, а колку Европејците се подготвени да јадат инсекти?, анализираат медиумите во регионот.
Во Европската Унија продажбата на делумно обезмаслениот прав од домашен штурец (Acheta domesticus) е дозволена од крајот на јануари 2023 година. Според законот, тоа засега ѝ е дозволено само на виетнамската фирма Cricket One. По анализата на научните студии, инсектот познат како домашен штурец, претходно беше вклучен во листата на нови намирници во ЕУ, што мора да се прави со секоја нова храна. Ларвите на сјајната црна пченична мувла (Alphitobius diaperinus) сега може да се преработат за човечка исхрана во ЕУ.
Слични правила, како што е наведено во написите, постоеја некое време за скакулците мигранти (Locusta migratoria) и ларвите на жолтите црви (Tenebrio molitor). Според тоа, како што се анализира во извештаите, во Европската Унија четири вида инсекти се дозволени за јадење, а барањата за уште осум чекаат одобрение.
Сепак, како што стои во написите, останува да се види дали и колку бргу ваквите производи ќе станат популарни. Досега храната за инсекти беше „навистина многу, многу мал пазар“, објаснува Армин Валет од Центарот за советување на потрошувачите во Хамбург. Во Германија моментно се достапни само неколку производи со мала количина инсекти – како што се некои специјални слатки или тестенини. Денот кога прашокот од инсекти ќе се меша во бисквити или брашно е сè уште навистина далеку, вели Валет.
Според извештајот (2020) на Европската организација на потрошувачите, која е делумно финансирана од ЕУ, огромното мнозинство луѓе во ЕУ не сакаат да го менуваат месото за инсекти – поточно три четвртини не сакаат, а уште 13 проценти не се сигурни. Во Германија 80 отсто од луѓето велат дека се згрозени од идејата да јадат инсекти, според извештајот од 2022 година на германската агенција за животна средина UBA.
„Одвратноста се смета за најголема бариера за воведувањето инсекти на западниот пазар на храна“, пишуваат авторите. Студијата објавена во декември покажа дека луѓето се поподготвени да јадат инсекти кога им биле објаснети еколошките придобивки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.