Регион
Ердоган: Оние кои се загрижени за судбината на пучистите не можат да бидат пријатели на Анкара
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека земјите коишто се загрижени за судбината на организаторите на неуспешниот воен преврат од ноќта на 15-ти јули, а не за турската демократија, не можат да бидат пријатели на Анкара, осудувајќи го Западот зашто не покажал солидарност со Турција.
Говорејќи во претседателската палата во престолнината Анкара, претседателот Реџеп Тајип Ердоган изјави дека во знак на добра волја ќе ги повлече сите тужби против лицата кои се обвинети дека го навредувале.
Ердоган, исто така, го осуди Западот бидејќи не покажал солидарност со Турција, по неуспешниот пуч и рече дека овие сојузничките земји повеќе се загрижени за судбината на пучистите отколку за заштитата на турската демократија, и оти не можат да бидат пријател на Анкара.
„Некои луѓе ни даваат совети. Зборуваат што тие (пучистите) преживуваат. Позабавете се со вашите дела! Погледнете на своите сопствени акции“, го цитира AFP турскиот претседател.
Ердоган ги отфрли критиките од Западот поради масовните апсења по пропаднатиот пуч и рече дека некои земји наместо да ја фалат Турција затоа што спречила државен удар, се наредиле до почистите.
Турските власти од поодамна го обвинуваат исламистичкиот проповедник и филозоф Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД, дека прави „паралелни структури“ во турските државни институции и оти стои зад превратот. Поради тоа суспендирани се или покренати се истраги за десетина илјади лица кои се сомничат дека се следбеници на Ѓулен, вклучително и офицери, судии, обвинители и универзитетски професори. Затворени се многу образовни институции на сите нивоа кои се дел од мрежата на фондациите блиски на проповедникот како и медиуми.
„Вие застанувате на страна на пучистите, наместо да ја браните земјата којашто го спречи обидот за државен удар“, изјави во петокот Ердоган во касарната во Анкара бомбардирана ноќта од 15-ти кон 16-ти јули кога загинале 47 војници, пренесе Reuters.
„Оној кој го организираше ударот веќе е во вашата земја и вие го храните“, додаде мислејќи на Ѓулен кој од 1999 година живее во американската сојузна држава Пенсилванија.
Ердоган рече дека бројот на уапсените и приведените ќе се зголеми доколку се утврди дека го поддржувале пучот.
Турскиот претседател притоа остро се наврти на американскиот генерал кој рекол дека неговите клучни соговорници во турската армија се уапсени или притворени.
„Кој сте вие?“, запраша лутиот Ердоган на состанокот во воениот штаб во Анкара. „Би требало да знаете кади ви е местото“, додаде и го обвини американскиот функционер дека „се ставил на страната на пучистите“.
Командантот на американските војски на Блискиот исток, генералот Џозеф Вотел, изјави во четвртокот дека стравува од последиците на чистките во турската армија врз односите на Вашингтон со турската воена хиерархија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

