Регион
Првиот човек на бугарската фондација во Македонија: На границата имаше физичко насилство врз приведените бугарски државјани

Претседателот на фондацијата „Македонија“ Виктор Стојанов обвини дека на границата вчера имало физичко насилство врз приведените бугарски државјани. Тој за БТВ изјави дека на границата имало огромна колона од автомобили и автобуси, кои биле редовни линии меѓу двете земји.
Според него, не е дозволено, дури и ако причината е техничка, тоа да и се случи на земја која е кандидат за ЕУ. Тој го коментираше и официјалното соопштение на РСМ дека системот не функционирал само при влез во земјава.
„На крајот на краиштата, зградата низ која минува сообраќајот е една. Како од едната страна има струја, а од другата нема струја. Очигледно, ова беше провокација на официјалните власти во Северна Македонија, со цел да се наруши заедничкото славење на нашиот заеднички револуционер Гоце Делчев“, додаде тој.
Стојанов го коментираше и моментот на ескалација на границата, а тројца негови сограѓани беа приведени од македонските власти.
„ Кога почнаа да ги пуштаат автомобилите со темелни проверки, на сите бугарски граѓани почнаа да им даваат документ дека се закана за националната безбедност. Станува збор за десетици луѓе. Се погрижив да ги соберам документите со согласност на луѓето да ги испратам до нашето Министерство за надворешни работи, а потоа да ги доставиме до Европската комисија“, рече тој.
Стојанов нагласи дека има информации дека тројцата приведени Бугари биле подложени на физичко насилство од македонските полицајци.
„ Еден од нив е од партијата Преродба, но другите двајца се обични граѓани“, рече тој.
Тие треба да платат глоба од 300 евра и им е забранет влезот во Македонија во следните три години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Маж фрли молотов коктел врз Куќата на цвеќето, го фати обезбедувањето

Белградската полиција го уапси 55-гпдишниот Г.М. под сомнение дека фрлил молотов коктел врз Куќата на цвеќето, објави српски Телеграф. По наредба на обвинителството, му е одреден притвор до 48 часа.
Тој е осомничен дека се обидел да го запали Музејот „25 Мај“, местото каде што е погребан поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, околу 6 часот утрово.
Човекот е уапсен по интервенцијата на полицијата. Нема повредени.
Пожарот ја оштетил влезната врата од Куќата на цвеќето. Според Телеграф, полицијата била повикана од обезбедувач. Тој пријавил дека еден човек дошол пред Музејот, најверојатно држејќи молотов коктел, и се заканувал дека ќе ја запали зградата.
„Се приближил до зградата и фрлил запалива течност. За среќа, обезбедувачот го фатил и ја повикал полицијата“, пишува Телеграф.
Неофицијално, се дознава дека човекот при апсењето рекол дека сакал да го запали „усташкото гнездо“.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Изгоре луксузна јахта во Будва: сопственикот бил на бродот кога избувнал пожарот

Црногорските противпожарни екипи го изгасија пожарот што избувна на јахта во марината во Будва.
Ова за црногорски „Вијести“ го потврди и раководителот на Службата за заштита и спасување на Будва.
Полициската управа соопшти дека околу 20:15 часот во неделата, полицијата во Будва била известена од сопственикот на јахта закотвена во пристаништето во Будва дека избувнал пожар додека сопственикот бил на бродот.
Јахтата е во сопственост на бизнисменот Б. М., а полицијата објави дека сопственикот на јахтата рекол дека пожарот најверојатно се случил поради дефект.
Пловилото било извлечено од пристаништето откако избувна пожарот кратко по 20 часот, заради безбедност на другите бродови. Седум екипи беа ангажирани за гаснење на пожарот.
фото: принтскрин
Регион
Турист почина кај Неа Врасна, бил извлечен од морето

61-годишен државјанин на Србија трагично почина во морската област Неа Врасна во близина на Солун.
Мажот бил извлечен во бесознание од морето денес напладне. Според соопштението на крајбрежната стража, тимот за итни случаи на ЕКАБ веднаш му укажал прва помош, но без успех, по што телото било префрлено во Здравствениот центар Неа Мадита.
Прелиминарната истрага ја води Вториот оддел на пристаништето Ставрос на пристанишната управа на Јерисос, кој нареди обдукција за да се утврди точната причина за смртта, пренесува „Прототема“.