Регион
Турција не престанува да се тресе: силен земјотрес сега и во Истанбул
По двата разорни земјотреса со јачина од 7,8 и 7,7 степени според Рихтеровата скала, кои денеска ја потресоа Турција во близина на границата со Сирија, околу 14 часот по локално време, недалеку од Истанбул, е регистриран силен земјотрес.
Земјотрес со јачина од 5,5 степени е регистриран во областа Феризли, која е на само 150 километри од Истанбул.
Земјотресот, кој утринава ја погоди Турција, беше со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала и предизвика разурнувања во цела Турција и во Сирија. Најмалку 1.500 луѓе ги загубија животите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Додик го брани Нетанјаху: Ќе направиме се институциите на БиХ да не ја спроведат оваа одлука
Претседателот на ентитетот Република Српска (РС), Милорад Додик, ја коментираше одлуката на Меѓународниот кривичен суд да издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Како што пренесува Кликс.ба, Додик оваа одлука ја нарече целосно неразумна.
„Се испостави дека меѓународниот правосуден систем се користи како политичка алатка. Со обвинувањето на премиерот на Израел, земја која беше нападната од терористичка организација, тој суд дополнително се девалвира“, рече Додик, додавајќи дека ентитетот на чело од него ќе направи се институциите Босна и Херцеговина да не ја спроведат оваа одлука.
Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант. Како што наведуваат во соопштението, тие се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени на палестинските територии, вклучително и Газа.
Регион
Земјотрес во Босна и Херцеговина, се почувствува и низ цела Хрватска
Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина утрово околу 9:15 часот. Епицентарот на земјотресот бил на 31 километар северозападно од Мостар или 11 километар југозападно од Јабланица, јавува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
– Наеднаш посилно се тресеше, кратко траеше – пишува човек од Широки Бријег на апликацијата EMSC. Коментари имаше и од југот на Хрватска. Тие наведуваат дека земјотресот бил силно почувствуван на Имотски, Макарска и други места.
– Се почувствува силна бучава и потреси – наведуваат граѓаните на Босна и Херцеговина.
Регион
Мајката на починатата Анѓела во Нови Сад: Доживотна затворска казна не е доволна за 15 човечки животи
„Секој ден станува се потешко. Да немаше протести, можеби никој немаше да биде уапсен. Никој не контактираше и не ни изрази сочувство. Не ни понудија ниту психолошка помош“, изјави за Нова.рс, Зорица Руман, мајката на 20-годишната Анѓела Руман од Стара Пазова, која загина со своето момче при уривање на настрешница во Нови Сад.
„Ова е страшно, неподносливо. Одам на гробиштата да и се извинам, а кога ќе се вратам, одам во нејзината соба и повторно разговарам со неа. Уништени сме. Толку многу семејства се завиени во црно“, рече таа.
Се осврна и на апсењето на 11 лица. Таа смета дека тоа веројатно немаше да се случи доколку немаше голем притисок од јавноста и граѓаните.
„Да немаше протести, можеби немаше никој да биде уапсен. Но, за жал, ништо не може да ги врати. Искрено, ништо не ми значи. Читам дека можат да добијат од 2 до 12 години, а за 15 човечки животи ни доживотна казна не е доволна. Нив можат да ги видат и да ги посетат. Толку млади убиени. Беа во цут, само што почнаа да прават планови и да ги реализираат. Здрави деца починаа во миг поради нечие невнимание“, рече таа.
„Никој не контактирал со нас ниту изразил сочувство“
Таа рече дека никој од претставниците на властите не контактирал со нивното семејство. Смета дека е неприфатливо што не им била дадена ниту основна поддршка, истакнувајќи дека не се ни удостоиле да изразат сочувство, а камоли да понудат каква било помош.
„Никој не не контактираше, ниту ни изрази сочувство. Само нашиот општински претседател дојде да изрази сочувство и праша дали ни треба помош. Ниту мислиме, ниту ни треба, тоа што сега ни значи више го нема. Не ни понудија никаква психолошка помош“, изјави таа.
Посочува дека не можат да се помират со тоа што Ангела повеќе ја нема.
„Наутро кога ќе станеме, одиме на нејзиниот гроб и се враќаме дома. После ништо, само ја гледам нејзината слика и плачам. Од работа ми излегоа пресрет и ми рекоа да се вратам кога ќе имам сила. Секоја чест за моите колеги и работодавачот, единствените луѓе од таа страна се покажаа фер“, рече таа.