Компании
„Тиквеш“ инвестираше дополнителни 80 милиони денари во модернизација и производство на премиум вина
Винарската визба „Тиквеш“ ја заокружи инвестицијата во најсовремена технологија за преработка, одлежување и полнење на виното, поддржана од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија – ИПАРД.
Вкупните вложувања на ВВ „Тиквеш“ во реализацијата на овој инвестициски проект надминуваат 78 милиони денари (1,2 милиони евра), од кои преку ИПАРД се обезбедени приближно 30 милиони денари (480 илјади евра).„За нас оваа инвестиција има исклучително значење, затоа со неа одиме чекор понатаму во севкупната модернизација на винарницата во која во континуитет вложуваме и која придонесува за производство на вино со висока додадена вредност и премиум квалитет. Дополнително значење за нас е тоа што дел од средствата во проектот се обезбедени од програмите на ЕУ, затоа што на тој начин добиваме дополнителна потврда дека нашите инвестиции се компатибилни со стандардите и приоритетите на Унијата“, изјави генералниот директор на винарската визба „Тиквеш“, Игор Илиевски, заблагодарувајќи ѝ се на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој за добиената институционална поддршка и партнерскиот однос во текот на реализацијата на проектот. Вкупната инвестиција од 1,2 милиони евра е наменета за набавка на најсовремена опрема која вклучува опрема за одлежување и пакување на виното, како и најсовремена лабораториска опрема. „Една од главните цели на ИПАРД програмата е натамошно подобрување на конкурентноста на македонските земјоделски стопанства и компании, преку инвестиции во технологија која ќе им овозможи зголемување на додадената вредност на нивните производи и достигнување на стандардите за квалитет на Европската Унија. Со задоволство можам да констатирам дека со финансиските средствата кои се вложени во овој проект за натамошна модернизација на винарската визба „Тиквеш“, оваа цел се остварува на најдобар можен начин“, потенцираше, директорка на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Билјана Вуковиќ. Реализацијата на овој проект е продолжение на обемниот инвестициски циклус на ВВ „Тиквеш“ за модернизација и натамошно унапредување на производството на врвни вина кој за една деценија надмина 30 милиони евра. Винарницата и понатаму останува посветена кон својот одржлив раст и развој во што континуирано, секоја година, се вложуваат значителни финансиски средства. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)