Контакт

Вести

Нетанјаху објави 12-часовен прекин на огнот во Газа, мировните иницијативи продолжуваат без успех

Објавено пред

Израелскиот премиер Бенјамин Натанјаху во разговор со американскиот државен секретар Џон Кери во петокот навечер изјавил дека израелската армија ќе ги сопре воените дејствија во палестинската енклава Појасот Газа во период од  12 часа во сабота.

dobivaj vesti na viber

Како што изјавил за Reuters неименуван извор од американската дипломатија, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на државниот секретар на САД, Џон Кери, му соопштил дека прекинот на огнот ќе започне во сабота во 7 часот наутро по локално време. Претходно беше соопштено дека израелскиот воено-политички кабинет ги отфрлил предлозите на Кери за прекин на огнот во Појасот Газа каде 18 дена израелската армија спроведува операција против палестинските милитанти од исламистичкото движење Хамас.Во меѓувреме американскиот државен секретар во петокот навечер изјави дека сѐ уште постојат несогласувања околу терминологијата за постигнување примирје во Газа и повика на седумдневно хуманитарно примирје во текот на муслиманскиот празник Рамазан бајрам следната седмица.„Работиме на тоа да се склучи седумдневно примирје, седум дена хуманитарно примирје во чест на муслиманскиот празник за да може луѓето да се натераат да работат заедно на воспоставување потраен, одржлив прекин на огнот кој би бил долгорочен“, изјави Кери на прес-конференцијата во египетската престолнина Каиро. Египет, како и повеќепати порано, се јави во улога на мировен посредник поведувајќи иницијатива за почеток на преговори за постигнување примирје.Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун и шефот на египетската дипломатија Самех Шукри, кои во текот на прес-конференцијата го придружуваа Кери, го поддржаа повикот за прекин на борбите во текот на рамазанскиот Бајрам.Американскиот државен секретар, исто така, истакна дека е постигнат „сериозен напредок“ во насока на постигнување примирје, но дека останува уште многу работа која треба да се заврши, и додаде оти убеден дека израелскиот премиер Нетанјхау е одлучен во намерата да работи на постигнување примирје.Кери додаде дека Израел можеби отфрлил некои термини од предлогот за примирјето, но дена ниту имало „формален или конечен предлог, или предлог подготвен за гласање, кој би му бил понуден на Израел“. „Сѐ уште мораме да поработиме на некоја терминологија, но убедени сме дека имаме основна рамка која може и којашто во крајна линија ќе заживее“, истакна Кери.Малку пред прес-конференцијата во Каиро, израелската државна телевизија извести дека Израел го отфрлил американскиот предлог. „Безбедносниот кабинет едногласно го одби предлогот на американскиот државен секретар Џон Кери за примирје“, ајви телевизијата додавајќи дека членовите на кабинетот ќе продолжат да дискутираат за предлогот.Целиот петок од рано претпладнето траеја дипломатските преговори за да се постигне „хуманитарно примирје“ во војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа. Според израелската државна телевизија, владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху бара израелската армија да остане во Појасот Газа за да продолжи да ги уништува ткн „јуришни тунели“ кои Хамас ги прокопувал дури и во времето на примирјето.Се чини дека тој услов тешко ќе ја добие согласноста на палестинското исламистичко движење Хамас, кој од 2007 година по кусата војна со ривалското движење Фатах, од кое доаѓа претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абаза, самостојно управува со Појасот Газа, каде на мало подрачје живеат 1,8 милиони луѓе.Предлогот за кој станува збор, Кери уште во средата му го изнесе на Нетанјаху, и тој предвидува седумдневен прекин на огнот период во кој израелските сили не би требало сосема да се повлечат од Газа. Двете страни, исто така, се повикуваат на почеток на преговори за траен договор со египетско посредување. Во разговорите би учествувало и палестинското раководство, се наведува уште во предлогот на Кери/Покрај тоа, САД, енералниот секретар на ОН и Европската унија би дале гаранции дека преговорите ќе бидат концентрирани на отстранување на ракетите и затворање на тунелите во Појасот Газа, како и на прекин на блокадата на оваа палестинска енклава и поправање на тешките штети нанесени во текот на израелската офанзива „Линија на одбраната“ започната на 8-ми јули.Како што изјавија за AFP извори блиски на израелската влада, кабинетот на Нетанјаху со шефот на американската дипломатија Кери разговарал за промени на предложениот план за примирјето. Посредниците сакаат примирјето да стапи на сила пред муслиманскиот празник Рамазан Бајрам кој почнува со следната седмица, но со соочуваат со речиси непомирливите барања на Израел и на Хамас.Во катарската престолнина Доха, шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу се состана со водачот на Хамас во егзил, Халед Машал за да придонесе во напорите за воспоставување мир со Израел, соопштија турски извори. Давутоглу се сретнал со Машал и според анонимниот извор на CNNTurk разговарале за „праведно примирје“, а според оцените на истиот извор „разговорите напредуваат во добра насока“.Овој непланиран состанок се одржа по телефонските разговори меѓу шефовите на дипломатиите на САД, Турција и Катар, претходно во четвртокот навечер. Американскиот државен секретар Џон Кери ги повика Турција и Катар да извршат притисок врз Хамас за постигнување примирје и престанување на неговите ракетирања на Израел. Турција, којашто е жесток критичар на офанзивата на својот поранешен стратешки партнер во регионот – Израел, бара Хамас да биде вклучен во преговорите за примирје.Давотоглу во Доха се сретна и со катарскиот министер за надворешни работи Халед ал-Атија. „Соработуваме со Катар во врска со предлогот текстот на Хамас за примирјето“, изјавил турскиот извор. Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган кој за себе вели дека е еден од ретките муслимански челници кои се заземаат за правата на Палестинците, го обвини Израел дека спроведува „нацистички геноцид“ во Газа. Израел и САД, кој е сојузник на турција во НАТО, ја осудија оваа изјава.Истовремено челникот на либанското шиитско движење Хезболах, долгоогодишен непријател на Израел, и повика во петокот арапските и муслиманските земји да му пружат помош во оружј ена палестинскиот „отпор“ во Газа и рече дека е подготвен да даде поголема поддршка. Хасан Насралах ги повика „арапските и исламските влада да дадат политичка, морална, медиумска и помош во оружје, секоја според своите можности“.Насралах говореше по повод Денот на Ерусалим, кој годинава е посветен на солидарноста со Појасот Газа, каде од почетокот на офанзивата загинаа повеќе од 850 луѓе, повеќето цивили. „Ние во Хезболха секогаш бевме и секогаш ќе бидеме со народот, со сите чинители на палестинскиот отпор, без исклучок“, изјави Насралах чијашто моќна милитантна група се судри со Израел во разорната војна од 2006 година. Станува збор за петто истапување на Хасан Насралах во јавноста кој се крие од војанта во 2006 година, кога израелската армија не успеа да ја неутралзиира оваа либанска шиитска партија. Денот на Ерусопалим се слави последниот петок пред Рамазан Бајрам, светиот месец на постот за муслиманите, а Хезболах оваа година го одбележува под паролата „Солидарност со народот и со отпорот во Газа“. Прославата на Денот на Ерусалима е воведена во шиитски Иран по исламската револуција во 1979 година.Иран е политички и воен покровител на исто така шиитското движење Хезболах, кој од своето основање по иницијатива на иранската формација Чуварите на исламската револуција во 1982 година, по израелската инвазија врз Либан, заговара вооружена борба против еврејската држава. Хамас, кој од Израел бара во прв ред целосно прекинување на сите водови израелска блокада на Појасот Газа, сѐ уште не одовори на предлогот з апримирјето.Според претставници на палестинските служби во Газа, во петокот е убиени 55 палестинци во Газа, додека според болнички извори уште шест Палестинци се убиени во одвоени инциднети во близина на градовите Наблус и Хеброн. Во израелските бомбардирања во текот на изминатите 18 денови од офанзивата „Линија на одбраната“ (или „Раб на одбраната“ – Protective Edge или на хебрејски „Нераскинлива карпа“) загинале над 850 Палестинци меѓу кои поголемиот дел се цивили и многу деца, што предизвикува сѐ поголема критика од меѓународната заедница. Во истиот период загинаа 36 израелски војници и три цивила, во операцијата покрената како договор на ракетирањето на Хамас на јужните делови на Израел./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Контролорите за летање нема да штрајкуваат, но обвинуваат за незаконска одлука и лоши услови за работа без вода и систем за греење

Струковиот синдикат на контролори на летање на Македонија соопшти дека ќе ја почитува одлуката на Граѓанскиот суд во Скопје со...

Македонија4 часа

Одобрено обвинението против сопственикот на фирмата за обезбедување на „Пулс“

Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува...

Топ6 часа

Пукање во Ѓорче Петров, жител пријавил дека му е скршен прозорецот од дневната соба, а во куќата нашол две зрна од оружје

Доцна синоќа во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот...

Македонија7 часа

Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните...

Македонија8 часа

Секој изгубен ден во политички престрелки е изгубена можност за Скопје, в недела масовно да излеземе, повика Ѓорѓиевски

На последниот ден од изборната кампања за првиот круг на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО- ДПМНЕ,...

Македонија8 часа

Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што,...

Свет9 часа

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци...

Македонија10 часа

(Фото) Министерот за здравство се вакцинира против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот...

Европа12 часа

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет12 часа

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа12 часа

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади „томахавки“ на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин ја споменал можноста Украина...

Регион12 часа

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...

Свет13 часа

Дописник на Би-би-си: Заборавете на „томахавките“, состанокот Трамп – Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев....

Македонија14 часа

Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека...

Свет1 ден

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија1 ден

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија1 ден

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија1 ден

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија1 ден

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија1 ден

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...