Контакт

Вести

Русија ги обвини САД за водење валкана кампања за нејзино оцрнување

Објавено пред

 САД водат кампања за оцрнување на Русија, обвинувајќи ја дека им помага на бунтовниците во Украина а самите ја споделуваат одговорноста за крвопролевањата во регионот, објави во петокот руското министерство за надворешни работи.

„Ги отфрламе неоснованите подметнувања во врска со наводната воена помош која Русија им ја дава на бунтовниците или со наводното руски гаѓање на позиции на украинската армија“, се истакнува во соопштението на руската дипломатија во која се критикува „кампањата за оцрнување“ на Русија.Се споменува и последната изјава на портпаролката на американскиот Стејт департмент која во четвртокот изјави дека украинските бунтовници пукаат од „Русија“ врз украинската армија, којашто „зема од купот антируски клишеа коишто Вашингтон упорно сака да ѝ ги наметне на меѓународната јавност“„Сето тоа е проследено со наводи за ‘докази’ кои САД наводно ги поседуваат (…) Фактите на кои се потпираат тие лажни наводи едноставно не постојат“, се наведува во реакцијата на руското министерство за надворешни работи кои тврдењата на Вашингтон дека поседува наводни докази дека најверојатно малезискиот авион е погоден од ракета истрелана од позиции на поруските бунтовници ги наречува „измислици“ и повторно бара нивно објавување.„САД кои го поддржаа притивуставниот државен преврат во Киев (…) ја споделуваат одоговорноста за крвопролевањето во Украина“, каде што во источниот дел од земјата продолжуваат веќе четврти месец судирите меѓу украинската армија против проруските бунтовнци икои во почетокот бараа федерализација на земјата со поголема автономија на регионите а потоа откако прозападните нови власти во Киев прво го укинаа законот за јазиците со кој рускиот кој е мајчин јазик за барем половината од вкупното население и ја започнаа ткн „антитерористичка“ воена операција на истокот прогласија независност на ткн народни републики во Донецк и Луганск. „Жалиме за тоа што САД и натаму предизвикуваат сѐ поголема затегнатост во руско-американските односи и што претставниците на Стејт департментот сесрдно се занимаваат со антируската пропаганда, се наведува во соопштението на руското министерство за надворешни работи./крај/мф/сн

Извор: РИА Новости

Вести

Макрон: Брегзит е историски аларм за ЕУ

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави денеска дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е историски аларм што треба да ја принуди Унијата да се подобри.

Макрон рече дека на европските граѓани повеќе од кога и да било им е потребна обединета Европа за да ги бранат своите интереси што ги загрозуваат САД и Кина и да се справат со предизвиците како што се климатските промени, миграцијата и технолошкиот напредок.

„Овој излез е шок. Тоа е историски аларм што мора да се чуе во секоја од нашите земји, низ цела Европа и да нè натера да размислиме“, рече Макрон.

Тој ги критикуваше, како што рече, лагите, претерувањата и поедноставувањата што ја одбележаа кампањата за брегзит во 2016 година.

„Денес е тажен ден, да не го криеме тоа. Но, исто така, и ден што мора да нè натера да ги правиме работите поинаку“, рече францускиот претседател.

Тој додаде дека наскоро ќе ја посети Велика Британија со надеж дека двете земји ќе изградат нов, што е можно поблизок однос.

Велика Британија ја напушти Унијата на полноќ минатата ноќ. Од денеска почна транзиционен период во кој Лондон ќе преговара за условите за нов однос со ЕУ и нејзините членки.

Прикажи повеќе...

Вести

Рекордно топло време во Австралија

Објавено пред

Во Австралија вчера биле измерени рекордни 40,9 степени Целзиусови, со што е надминат претходниот рекорд од 40,3 степени Целзиусови, поставен на 7 јануари во 2013 година, соопшти Бирото за метеорологија, објави Би-би-си.

Овие температури се просек од максималните температури измерени во целата земја.

Австралија во изминатиов период се бори со сериозна суша и пожари. Според најавите од метеоролозите, во текот на неделата ќе биде уште потопло, што значи дека рекордот може повторно да се сруши.

На почетокот на неделата Перт, главниот град на Западна Австралија, забележа три дена по ред над 40 степени, рекорд за декември.

Премиерот Скот Морисон се соочува со јавна критика за неговиот одговор на природните непогоди и климатските политики на неговата влада.

 

Прикажи повеќе...

Вести

Пентагон тестира балистичка ракета

Објавено пред

Пентагон тестираше балистичка ракета, што е забранета со Договорот за нуклеарни боеви глави со среден дострел (ИНФ). Тестирањето било извршено вчера од базата Ванденберг во Калифорнија.

„Во моментот сме во фаза на оценување на резултатот од тестирањето“, соопшти Пентагон.

САД во август се повлекоа од договорот кој во 1987 година го потпишаа со Русија, откако утврдија дека Москва го прекршува истиот. Кремљ ги отфрли таквите обвинувања.

Договорот го потпишаа поранешните американски и советски претседател Роналд Реган и Михаил Горбачов и со него беа забранети проектили на копно со дострел од 500 и 5.500 километри.

Пентагон во август тестираше крстосувачка ракета со дострел поголем од 500 километри.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион6 часа

(Видео) Не престануваат протестите во Србија – еден демонстрант повреден со нож, има и уапсени

Четврт ден по ред насилни протести во Белград, но и во повеќе градови во Србија, наспроти забраната за собирања на...

Свет8 часа

СЗО: Сè уште можеме пандемијата да ја ставиме под контрола

Директорот на Светската здравствена организација порача дека денес сè уште е можно да се стави епидемијата на Ковид-19 под контрола,...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Регион9 часа

„Аја Софија“ повторно стана џамија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска потпиша декрет со кој музејот „Аја Софија“ во Истанбул повторно станува џамија. Ова следи...

Македонија12 часа

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија12 часа

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија13 часа

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија13 часа

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Македонија14 часа

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

„Очајници прават очајнички потези“, напиша заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев за...

Македонија15 часа

(Видео) Јанушев: Очекуваме победа и ќе коалицираме со оние што ќе ја прифатат нашата програма

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува победнички изборен резултат и мандат за формирање влада, изјави генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, во интервју...

Свет16 часа

Казахстан ги негира кинеските тврдења дека во земјата има пневмонија поопасна од Кoвид-19

Министерството за здравство на Казахстан ги отфрли кинеските тврдења дека во земјата циркулира непозната пневмонија, која е посмртоносна од коронавирусот....

Топ16 часа

Пронајдени 26 украдени велосипеди, приведени крадци во Скопје

Три лица се приведени под сомнение дека краделе велосипеди од подруми и станови во Скопје. Е. М. (24) и А....

Топ16 часа

Сопственик на продавница им ветувал на купувачите дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ

Сопственик на продавница во Штип ветувал дека ќе им избрише долг на неколку лица ако на изборите гласаат за СДСМ,...

Регион17 часа

(Видео) Протестите во Белград поминаа мирно, се играше и оро

Во Србија се одржаа нови протести против мерките воведени поради епидемијата на коронавирус и против владата на Александар Вучиќ. По...

Македонија17 часа

Гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, порача Оливер Спасовски од Тетовско

Граѓаните се сигурни со концептот едно општество за сите, гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ и тие се опасност,...

Свет18 часа

СЗО: Итно е потребно понатамошно истражување за пренoс на коронавирусот преку воздухот

Светската здравствена организација (СЗО) објави нови насоки за коронавирусот, кои признаваат некои извештаи за пренесување на вирусот преку воздухот, но...

Македонија19 часа

Италија забрани влез за граѓани од Македонија и уште 12 земји

Италија ги затвори своите граници за 13 земји, вклучително и за Македонија, сметајќи ги за најризични места за ширење на...

Македонија20 часа

Хоспитализирани се 412 заразени лица во земјата

Во моментов низ болниците во земјава, хоспитализирани се 412 лица кои се позитивни на ковид-19. На Инфективната клиника вкупно се...

Македонија20 часа

Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари која ќе расте со просечната

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне...

Македонија1 ден

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација...

Македонија1 ден

Заев најави укинување на министрите без ресор и отворање агенции и директорати

Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача...

Досие