Европа
Исповед на младата мајка која со денови беше затрупана со новороденчето: „Тоа ме одржа во живот“
Некла не веруваше дека спасувачите ќе ги извлечат, но тоа што малата Јагиз ѝ лежеше на гради и даде сила да издржи, стои во написите на локални медиуми.
Поминаа седум дена откако разорните земјотреси ја потресоа Турција и однесоа повеќе од 35.000 животи во таа земја и соседна Сирија. Иако вестите за бројот на жртвите се зголемуваат секој час, понекогаш доаѓа веста дека луѓето се извлечени од урнатините живи, што му дава надеж на целиот свет.
Приказните за чуда од Турција го обиколија светот, а една од нив е и исповедта на младата мајка Некла Чамуз.
Некла се породила на 27 јануари годинава и на синот му го дала името Јагиз, што значи храбар. Десет дена по неговото раѓање, ова малечко, за жал, мораше да го оправда своето име, бидејќи по земјотресот со денови остана во прегратките на мајка си затрупан во урнатините, севдодава во извештаите.
Кобниот ден на 6 февруари во 04:17 часот, Некла била будна и го доела своето новороденче во родниот град во турската провинција Хатај. По неколку секунди таа и бебето биле затрупани во урнатините.
Некла и нејзиното семејство живееле во стан на вториот кат во модерна петкатница во Самандаг.
„Тоа беше убава зграда, се чувствувавме безбедно“, изјави Некла за Би-Би-Си.
Таа не можеше да претпостави дека речиси целата населба ќе биде срамнета во земјотрес тоа утро.
„Кога почна земјотресот, отидов кон мојот сопруг, кој беше во друга соба со нашиот втор син, а тој тргна кон мене“, се сеќава Некла.
Тие не стигнаа еден до друг. Додека брзал кон Некла и неговиот син, врз нив паднал гардеробер и не можеле да се движат.
„Земјотресот стана посилен, ѕидот падна, се се тресеше, зградата почна да ја менува позицијата. Кога тресењето престана, прво не ни сфатив дека цел кат се сруши. Се јавував, но немаше одговор“, вели Некла.
Младата мајка лежела со синот на градите. Гардероберот што паднал спречил бетонски блок да ги здроби. Мајката и бебето останаа во оваа позиција во следните четири дена.
Додека лежеше во пижами со бебето во раце, Некла не можеше да види ништо бидејќи се околу неа беше во темнина. Таа мораше да се потпре на другите сетила за да разбере што се случува околу неа.
Ја тешеше само тоа што Јагиз сè уште дише.
Некла на почетокот се гушела од страшната прашина, но кога се спуштила прашината се чувствувала многу подобро. Тврди дека под урнатините не им било студено.
Таа вели дека мислела дека леќела на детски играчки, но не можела да се помрдне за да провери, ниту пак да направи да и биде поудобно, пишува Би-Би-Си.
Освен облеката и меката кожа на нејзиниот син, сè што можела да почувствува бела прашината и купиштата урнатини околу неа.
Во далечината, вели таа, слушнала гласови. Таа постојано повикувала помош и го клоцала шкафот кој паднал.
„Има ли некој? Ме слуша ли некој?“, викала очајната мајка од урнатините.
Кога видела дека никој не ја слуша, почнала да собира парчиња бетон и да ги удира во гардероберот. Вели дека не смеела да удри над себе, стравувајќи да не падне се врз неа и детето.
Никој не дојде да им помогне.
Во еден момент станала свесна дека има големи шанси никој да не дојде.
„Бев преплашена“, вели Некла.
Во темнината под урнатините, Некла изгубила секаква смисла за времето.
„Многу планираш кога ќе имаш дете, а потоа наеднаш завршивме под урнатините“, вели младата мајка.
Сепак, знаела дека мора да се грижи за својот мал син. Некако во тој затворен простор успеала да го дои.
Некла со денови гладувала и не испила ниту капка вода. За да се одржи во живот, таа неуспешно се обидела да го дои.
Чувствуваше како урнатините се тресат и повремено слушаше звук на дупчење и чекори и гласови. Сепак, сè беше толку далеку.
Некла реши да не ја троши својата енергија и да молчи додека тие гласови и звуци на дупчење не и се доближат.
Цело време, вели таа, размислувала за семејството. За синот што го држи на градите, сопругот и другото дете не знаела каде се и дали се живи.
Се плашела што се случило со нејзините најблиски и дали го преживеале земјотресот.
Некла не верувала дека спасувачите ќе ги извлечат, но тоа што малиот Јагиз ѝ лежел на градите и дало сила да издржи.
По повеќе од 90 часа поминати под земја, Некла слушнала лаење на куче. Мислела дека сонува.
Меѓутоа, по лаењето слушнала гласови.
„Добро ли си. Чукни еднаш ако си. Во кој стан си?“, слушнала како некој и вели.
Спасувачите неуморно копале додека не стигнале до неа и Јагиз. Во еден момент, силната светлина на батериската ламба ја заслепила храбрата мајка.
Кога спасувачите ја прашале колку години има Јагиз, Некла не знаела што да одговори. Знаела дека нејзиниот син има само 10 дена кога биле затрупани во урнатините.
Откако спасувачите го зеле Јагиз, го ставиле на носилки и ја извлекле надвор. Имало луѓе насекаде околу неа, но таа не препознала никого.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

