Спорт
Нова наградна игра во Mozzart: Наплати го најголемото промашување!

Доста ти е од тикети на кои паѓаш за само еден пар? Mozzart во периодот кој следи ти нуди можност да освоиш вредни парични наградни и бесплатно обложување секоја недела. Доколку промашиш еден натпревар, не очајувај!
Во периодот од 14 февруари до 25 април 2023 година, во секоја етапа за типувачите во Mozzart кои ќе промашат по еден пар ќе се доделуваат по триесет награди, односно вкупно 300 награди во сите 10 етапи од почетокот до крајот на наградната игра.
Наградите се следните:
1-во (прво) место, парична награда во износ од по 100.000,00 денари,
2-ро (второ) место, парична награда во износ од по 50.000,00 денари,
3-то (трето) место, парична награда во износ од по 30.000,00 денари,
Од 4-то (четврто) место до и заклучно со 10-то (десетто) место, секој добитник добива парична награда во износ од по 10.000,00 денари;
Од 11-то (единаесетто) место до и заклучно со 20-то (дваесетто) место, секој добитник добива 100 ваучери за 100 денови бесплатно обложување во износ по 100 денари;
од 21-то (дваесет и прво) место до и заклучно со 30-то (триесетто) место, секој добитник добива 100 ваучери за 100 денови бесплатно обложување во износ по 50 денари;
И така секоја недела! Во секоја етапа (недела) има по 30 (триесет) добитници. Добитник во секоја етапа е оној учесник кој има недобитен тикет со најголема квота за комбинација (вкупен коефициент од производот на квотата на погодените парови), со само 1 (еден) промашен пар, кој ги исполнува условите од Правилата на игра. Прочитајте ги во целост Правилата на игра на следниот линк.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Турција ја загази Летонија

Турција, во дербито на денот на 42. Европско првенство во кошарка, ја декласира домашната селекција Летонија со 93:73 (24.21, 23:18, 25:16, 21:18).
Тирците буквално го затрупаа летонскиот кош, шутира фантастични 60 проценти за три поени, Турците погодија а 15 од 25 обиди од зад линијата 6,75.
Летонсците некако се држеа до третиот период, кога се разиграа Шејн Ларкин И Џеди Осман. На почетокот на последниот период резултатот беше 72:55, а во последниот пеирод Турците имаа предост и од 24 поени.
На крајот, најефикасни во Турција беа Осман со 20, Сипахи со 19, Шенгун со 16 и Ларкин со 15 поени. Летонците исто така имаа четворица со двоцифрен број на поени, но со многу послаб настап, Ломас постигна 16, Жагарс 11, а Порзингис и Шмитс постигнаа по десет поени.
Foto/ EPA
Спорт
Убедлив триумф на Литванија во првиот меч на ЕП

Европското првенство во кошарка, 42. по ред, започна со убедливата победа на Литванија против селекцијата на Велика Британија 94:70.
Балтичката селекција против Велика Британија ја оправда својата улога како фаворит во првото коло. Велика Британија даде се од себе, ослабена од отсуството на Гејб Оласени поради повреда на грбот.
Литванците лошо шутираа на овој меч, погодија само две тројки од 19 обиди, но одбраната и офанзивниот скок им обебзедија убедлива победа. Две третини од поените Литванците постигнаа од рекетот.
Британците добро се држеа три четвртини, се враќаа на едноцифрен минус, но потоана во последноте седум минути кога Литванците направија предност од 20 пеони.
Очекувано доминираше во рекетот Јона Валачиунас со 18 поени и девет скока, поен помалку со седум скока имаше Тубелис, а Јокубаитис и Нормантас забележаа по 12 поени.
на спротивната страна се истакна Јебоа со 17 поени, а двоцифрени, со по 10 поени беа Филип и Хенсон.
Foto/ EPA/KIMMO BRANDT
Спорт
Вулверхемптон одби уште една понуда од Њукасл за Ларсен

Фудбалскиот клуб Вулверхемптон ја одби и втората понуда од Њукасл за норвешкиот напаѓач Јорген Странд Ларсен, кој постигна два гола во вчерашната победа над Вест Хем во Лига купот.
Њукасл овој пат понуди 55 милиони фунти, откако претходно беше одбиена и понуда од 50 милиони фунти.
Управата на Вулверхемптон не сака да се откаже од 25-годишниот репрезентативец на Норвешка, пред сè поради краткото време за наоѓање замена, бидејќи шреодниот рок завршува за четири дена.
Странд Ларсен беше купен од Селта минатото лето за 23 милиони фунти и постигна 14 гола во Премиер лигата минатата сезона.