Македонија
Фармацевтите алармираат: Пациентите ќе останат и по три дена без лекови за проверка на осигурувањето

По добиените инструкции како да постапуваат со пациентите по сајбер-нападот на системот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), вечерва и фармацевтите алармираат дека дадените упатства за работа ќе ги остават пациентите без лекови и по три дена.
Фармацевтската комора смета дека премогу време ќе се изгуби за проверка на осигурувањето кога пациентот во аптека ќе дојде да побара лек.
„Во случаи на акутните рецепти, осигуреникот треба да чека до 24 часа за да се провери осигурувањето и да се добие повратен одговор од ФЗОРСМ што може да резултира со животно загрозувачки последици по пациентот. Во случаи на хроничните рецепти осигуреникот треба да чека до три дена за да се провери осигурувањето и добие повратен одговор од ФЗОРСМ што исто така може да резултира со животно загрозувачки последици по пациентот“, реагиа Комората на фармацевти.
Вечерва Комората испрати допис до управниот одбор на Фондот за здравство во кој укажува на неможноста да се спроведат во пракса дадените препораки.
Фармацевтите бараат за месец февруари да не се одбиваат рецептите по основ на осигурување и итно да се најде решение за постапување од 1 март оти посочениот начин на работа е неизводлив во пракса и на штета на пациентите.
Фондот за здравство поради блокираните податоци на здравствените осигуреници испрати препораки како да се надминат проблемите предизвикани од нападот. Посебни препораки за постапување по сајбер нападот биле испратени до јавните и приватните здравствени установи и аптеките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.