Македонија
Здравствените работници дадоа рок до понеделник да им се исплатат плати: Зависиме од тие пари
Ако до понеделник не земат плата, здравствените работници ќе преземат други чекори за да си ги добијат парите. Ваков е ставот на голем дел од нив, а откако премиерот Димитар Ковачевски побара трпение и разбирање. Здравствените работници се загрижени со кои пари ќе ги платат ратите за кредити, сметките за струја и како ќе се справат во борбите со извршители.
„Го повикавме Фондот за здравствено осигурување да исплати плати и додатоци на плата за сите здравствени работници бидејќи како и останатите граѓани во Македонија имаме камати, извршители, комунални такси – греење, струја, вода, телефон, интернет, телевизија. Освен тоа имаме давачки како што е данок, судски трошоци, кредити, храна итн“, велат од независните синдикати на здравствени работници.
Претседателот на Независниот синдикат на државна администрација, Горан Ристески, вели дека во следните два до три дена ќе остават простор да видат дали ќе има исплати, доколку тоа не се случи – ќе преземат следни чекори.
„Ова не беше повик за штрајк туку повик како простор за разбирање дека ние вработените во здравствениот сектор сепак зависиме од плата како и другите вработени, дали од јавен или приватен сектор. Ние како групација на независен синдикат од областа на медицината во понеделник ќе одлучиме кои понатамошни дејства ќе ги преземеме доколку Фондот за здравствено осигурување не ги исплати платите и додатоците на плата за сите здравствени работници. Оставаме простор во овоие 2-3 дена да видиме што ќе направат тие. Доколку продолжат да неисплатуваат плати од понеделник ќе изразиме друг став и ќе ги известиме медиумите за понатамошните дејства“, додава тој.
Премиерот Димитар Ковачевски се изјасни дека за хакерскиот напад на ФЗО станува збор за хибридна војна каде нападнат е системот, а решение за исплата веќе е најдено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
За неколку дена претседателката Сиљановска Давкова ќе ја има првата посета во странство
За неколку дена, односно на 23 мај претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе ја има првата посета во странство. Тој ден ќе биде примена од Папата Франциск во Ватикан, а следниот ден во Рим ќе присуствува на чевствувањето на светите браќа Кирил и Методиј.
Сиљановска Давкова ќе ја посети базиликата Свети Климент каде се наоѓа гробот на Св. Кирил, а потоа и базиликата Санта мариа Маџоре каде се наоѓа плочата испишана на македонски јазик. За време на престојот во Рим, претседателката ќе биде примена од претседателот на Италија, Серџо Матарела.
Македонија
Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе се движи од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Македонија
ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај
Државната изборна комисија (ДИК) денеска, на 105. седница, едногласно го усвои предлогот да се повтори гласањето во Изборната единица (ИЕ) 5 на избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1.194 и 1.202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга и 1272 во Општина Охрид, како и во ИЕ 6 на избирачкото место 2101 во Општина Желино. Гласањето ќе се одржи идната среда, на 22 мај 2024 година.
ДИК на седницата ги разреши и претседателите на избирачките одбори, членовите и нивните заменици во избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1194 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга, 1272 во Општина Охрид и 2101 во Општина Желино.
Со оглед дека се кратки роковите за избор на нови избирачки одбори, за да биде регуларно прегласувањето, општинските изборни комисии (ОИК) ќе треба да ангажираат некои од веќе постојните избирачки одбори, или од најблиските избирачки места или некои други, и за тоа ќе треба да достават известување до ДИК.
Кампањата за повторното гласање ќе трае до понеделник, 20 мај, 00.00 часот. Притоа, ќе важат истите листи за болни и немоќни лица, ќе нема можност да се пријавуваат нови.
Според ДИК, има можност за измени и предлози за овластени претставници на кандидати. Тоа важи и за членовите на избирачките одбори кои се предложени од политичките партии.