Македонија
Јотова се сретна со претставници на бугарската заедница во Скопје: „Ако нема промена на Уставот, нема да правиме отстапки“
Бугарија нема да прави отстапки за договорите со Северна Македонија. Ова го порача бугарската потпретседателка, Илијана Јотова, која вчера на враќање од Косово допатува во Скопје на средба со претставници на бугарската заедница во Македонија.
Средбата се случуваше во зградата на бугарската амбасада во Скопје, пришто Јотова им се заблагодари на македонските бугари за храброста да ја бранат, како што рече, својата бугарска самосвест, пренесоа бугарските медиуми.
„Ако Бугарите не бидат запишани во Уставот, ви велам – нема да има ниту педа напредок во преговорите на Северна Македонија за европско членство. Нема да има меѓувладина конференција, нема да има извештај од страна на ЕК и мисијата на ЕК, со кои ќе се почнат вистинските преговори“, рече таа, пренесе бнр.бг.
Јотова се поклонила пред барелјефот на Васил Левски на зградата на бугарската амбасада во земјава.
„Правата за кои се бореше Левски се актуелни и денес. Конкретно за бугарската заедница во Македонија, која се соочува со различни предизвици и се бори за своите права, Бугарија цврсто стои зад вас“, рече Илијана Јотова.
Во врска со охриѓанецот Христијан Пендиков, бугарската потпретседателка најави дека покрај станот и обезбедувањето, бугарската држава ќе му овозможи и студирање во Софија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

