Македонија
Доаѓањето на Јотова не било случајно, најавила дека ќе дојде во МНР

Престојот на бугарската делегација предводена од потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, бил пријавен по дипломатски пат преку бугарската амбасада.
Ваков одговор даде МНР по речиси половина ден молк на прашањето дали домашните институции биле запознаени со ненадејната и куса посета на Јотова синоќа во Скопје.
„Информираме дека во однос на престојот на потпретседателката не се побарани средби ниту други програмски содржини и нејзиниот престој и транзит низ земјава е во организација на Амбасадата“, соопшти Министерството.
Македонската јавност за посетата на Јотова дозна од бугарските медиуми, кои ги пренесоа средбите што таа ги оставрила со македонските Бугари во земјава во бугарската амбасада во Скопје.
Пред нив Јотова укажала дека без промена на Уставот, нема да има напредок за Македонија на патот кон ЕУ.
„Ако Бугарите не бидат запишани во Уставот, ви велам – нема да има ниту педа напредок во преговорите на Северна Македонија за европско членство. Нема да има меѓувладина конференција, нема да има извештај од страна на ЕК и мисијата на ЕК, со кои ќе се почнат вистинските преговори“, рече таа, пренесе бнр.бг.
Јотова допатува во Скопје по средбите во Приштина каде што се состана со тамошниoт државен врв.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На ГП Богородица запленети над илјада часовници „Ролекс“, „Бос“, „Армани“, поради сомневање за фалсификат

Дури 1.158 парчиња часовници со потпис на заштитени трговски марки „Ролекс“, „Бос“, „Армани“ и „Томи Хилфигер“ се запленети при контрола на стока пријавена за транзит на граничен премин Богородица. Случајот е откриен од мобилен царински тим, кој поради сомневање изврши детален преглед, при што се пронајдени часовници чија пријавена вредност согласно фактура издадена од фирма од Кина изнесува 60.852 денари. Поради основано сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост, стоката е задржана, при што е започната постапка за утврдување на оригиналноста на производите.
Царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови годинава заклучно со септември открија 63 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост, при што запленети се речиси 78 илјади производи со потпис на познати трговски марки. Од нив во 37 случаи веќе е утврдено дека станува збор за фалсификати на вкупно 27.329 производи.
„Годинава заклучно септември откривме 63 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост, што е за над 40 проценти раст во однос на минатата година кога во овој период, се откриени 44 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост. Половина од случаите или точно 32 случаи, годинава се откриени од нашите мобилни царински тимови. Овие резултати јасно ги потврдуваат нашите напори во борбата против трговијата со фалсификати“, истакнува директорот на Царинска управа, Бобан Николовски.
Еден од главните приоритети на Царинската управа е унапредување на институционалните капацитети за ефикасна и ефективна борба против фалсификатите преку воведување на зајакнати мерки на царинска контрола за откривање и спречување на увоз, транзит и извоз на стоки кои го повредуваат правото од интелектуална сопственост, како и преку зголемена соработка со носителите на ова право и нивните застапници во Македонија.
Македонија
По убиството на судија во Албанија, македонските судии загрижени за сигурноста и почитувањето на нивните права

Судиите на Основниот кривичен суд Скопје изразуваат сочувство и солидарност до семејството, роднините и блиските пријатели на судијата Астрит Каљаја од Тирана, Р. Албанија, кој во текот на вчерашниот ден беше убиен во судница, при извршување на неговата функција како судија.
„Во овие тешки моменти, ги уверуваме судиите од Албанија, и семејството на покојниот судија, дека тие се во нашите мисли, па затоа изразуваме силна поддршка кон сите колегите судии, судската служба и целиот судски систем во Република Албанија, кои се соочуваат со болката од загубата, но и со загриженоста за безбедноста и достоинството на третата власт.
Овој суров чин не е само напад врз една личност, туку тоа е напад врз основните принципи на правдата, независноста на судството и владеењето на правото. Воедно, убиството на нашиот колега само ја потврди загриженоста на судиите во целиот регион, за нивната сигурност и достоинствено почитување на нивните права што во последните години е доведено во прашање во повеќе Балкански земји, вклучувајќи ја и Р.С. Македонија“.
Ги повикуваат сите компетентни институции во Албанија и меѓународната заедница да ги превземат сите неопходни мерки со кои, како што велат ќе ја унапредат безбедноста на судиите и судската служба при извршување на нивната службена должност, што не е ништо друго освен гарантирање на правната сигурност и заштита на Уставно загранатираните права и обврски на граѓаните на Албанија.
„Ние, Судиите на Основниот кривичен суд – Скопје, веруваме дека правдата мора да победи, дека безбедноста на судиите е крајно неопходна, и дека ние сите — како судска професија и како општество мораме да стоиме цврсто во одбрана на правдата, достоинството и институционалниот интегритет.
Македонија
Од наредната година целосно автоматизирано пријавување на новороденче

Владата и Министерството за дигитална трансформација реализираат уште едно предизвборно ветување. Министерството од почетокот на годината, формираше работна група помеѓу повеќе инстутции, меѓу кои Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матичните книги, Министерството за здравство-Управа за електронско здравство и соодветните јавни здравствени установи, за постигнување целосна автоматизација во издавањето на првиот извод од матична книга на родени за новороденчиња (Проект: е-бебе).
Проектот е-бебе, кој е поддржан и од канцеларијата на УНИЦЕФ, предвидува првиот извод родителите да го добијат во болница, најдоцна до 48 часа од раѓањето на бебето.
Министерството за дигитална трансформација, искористувајќи ја Националната платформа за интероперабилност и Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk, спроведе поврзување на сите засегнати институции во процесот за целосно автоматизирано пријавување на новороденчето. Во втората фаза на проектот се поврзуваат и услугите за здравствено осигурување од Фондот за здравство, како и услугите на помош за новороденче кои ги издаваат Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Од родителите ќе се бара да имаат профил на ниско ниво на Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk.
Со посветена работа на работната група, наша определба е целосна реализација на проектот до јануари 2026 година.