Македонија
Претседателот на клубот „Иван Михаилов“: Културниот центар нема да го менува името
Културниот центар „Иван Михаилов“ нема да го смени името“, изјави претседателот на културниот центар Лупчо Георгиевски по повод истекот на рокот за промена на имињата на здруженијата кои во Скопје се сметаат за контроверзни, пишува БГНЕС.
Во ноември 2022 година, парламентот донесе легислатива, според која веќе законски регистрираните здруженија и клубови може да се избришат од Централниот регистар поради нивните имиња.
„Правата ќе си ги бараме на суд ако нè избришат од Централниот регистар, а ако судот во РСМ не ни ги даде правата, ќе ги бараме во Европскиот суд за човекови права во Стразбур“, вели Георгиевски.
По повод средбата со министерот за надворешни работи Бујар Османи оваа недела, Георгиевски изјави дека оваа прва средба е само еден чекор напред. „Во разговорот со него изјавивме дека ние не сме надворешен проблем на РСМ, ние воопшто не сме проблем, туку сме решението за Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Властите не разговарале со нас досега. Подготвени сме да разговараме со секој што сака разговор со нас. РСМ мора да го почитува францускиот предлог“, рече Георгиевски.
Тој појасни дека откако во декември бил повикан на распит во обвинителството, сега има друга кривична постапка – од Комисијата за заштита од дискриминација за непромена на таблата на која пишува „Културен клуб Иван Михаилов“.
„И откако се вративме од Брисел (каде се одржа средба со еврокомесарот Вархеи) – има и нова постапка против мене – овој пат за ширење говор на омраза кон луѓе кои имаа македонска национална самодоверба. Тие продолжуваат со обвинувањата против нас.Од една страна министерот Османи не кани на средба за да се намали тензијата и да се решат проблемите, но од друга страна продолжуваат со обвинувањата кои може да се реализираат утре со казна до 15.000 евра, а постапката за говор на омраза може да доведе и до затвор.Ние македонските бугари не знаеме како ќе падне тензијата што ја чувствуваме на грб затоа што живееме овде и имаме стравови за нашата безбедност“, рече Лупчо Георгиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Здружението на судии загрижено за изјавите за Управниот суд: со нив се врши притисок врз судиите и судиското одлучуваљње
Здружението на судии во врска со реакцијата на Управниот суд на РСМ, ја искажува својата загриженост за изјавите на поединци со кои, како што се истакнува во соопштението, директно или индиректно се врши притисок врз судиите и судиското постапување и одлучување.
Како што велат, припадноста кон одредена политичка партија и можноста за идно владеење односно учество во извршната власт, не смее да се користи за коментирање, заканување или влијание врз судиското одлучување.
Оценуваат дека таквите изјави се штетни пред се за политичките субјекти кои ги пласираат во јавноста, а истовремено може да се разберат и како обид да се поткопа непристрасноста и интегритетот на судиите.
„Во однос на неоснованите обвинувања кои беа упатени на адреса на Претседателот на Управниот суд на РСМ, како Здружение на судии даваме целосна поддршка на колегите од именуваниот суд и напоменуваме дека секој избран судија е независен во своето одлучување и таа независност му е Уставно загарантирана. Па во тој правец и при најмал сомнеж за евентуален обид за притисок или влијание врз неговата работа, без разлика од кого доаѓа, е должен да ги извести надлежните судиски инстанци. Воедно, сите останати општествени чинители, а особено претставниците на политичките партии се должни да ја почитуваат загарантираната судиска независност што е во духот и на демократскиот развој и Европскиот просперитет на земјата“, потенцираат од ова здружение.
Македонија
Одбиена тужбата на „Европскиот фронт“ за избирачкото место во Долнени
Управниот суд ја одби како неоснована тужбата од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од Коалицијата „Твоја Македонија” за избирачкото место 1470 во Долнени на Парламентарните избори 2024.
„Европскиот фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024.
Досега Управниот суд ja одби како неоснована и тужбата за избирачкото место 1194, во Општина Крушево.
Македонија
Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот спор за името меѓу двата соседа, ќе ги загрози амбициите на балканската земја за членство во ЕУ, пишува грчки „Катимерини“
Говорејќи од градот Верија во северна Грција за време на неговата кампања пред изборите за Европскиот парламент во јуни, Мицотакис изјави дека трите меморандуми за разбирање поврзани со договорот од 2018 година нема да бидат ратификувани од Парламентот се додека новото раководство во Скопје продолжи со прекршување на договорот.
„Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен, а меморандумите нема да бидат ратификувани освен ако не се почитува она што го предвидува договорот“, рече тој.