Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Како шалтерски работник во семејната фирма на Груби станал сопственик на вносен бизнис
Очигледно криминогеноста е главна врска на СДС и ДУИ во Владата. ДУИ и Груби, наместо нервозно да реагираат, треба на јавноста да ѝ објаснат како тоа шалтерски работник во семејната фирма на Груби станал сопственик на фирма за баждарење бензински пумпи на „Метролаб“ и истата таа фирма 4 месеци од нејзиното формирање добила акредитација од Бирото за метрологија, раководено од Мерита Мустафи, кадар на ДУИ? Како сопственикот на оваа фирма која влегува во вносен бизнис останал да работи уште извесно време како шалтерски работник во туристичката агенција на Груби? Дали Груби стои зад оваа операција, а неговиот вработен е само параван, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дополнително нешто што треба Груби и ДУИ да го одговорат е како оваа директорка на Бирото за метрологија, Мерита Мустафи, секнала луксузна хациенда на Попова Шапка со големина од 150 м2 и не ја пријавила во анкетниот лист? Како со чиновничка плата некој во Македонија може да стекне таков луксуз и зошто притоа тој луксуз не го пријавила? Дали не е пријавен тој имот затоа што тешко може да се докаже како е стекнат?
Ги повикуваме надлежните институции да го проверат целиот овој октопод, кој се врзува со Артан Груби. Ковачевски очигледно молчи и се плаши што било да коментира бидејќи функцијата му е дадена под кирија. Одговорност за криминалите на оваа власт на ДУИ, поддржана од СДС, мора да има“, порачаа од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

