Европа
Убиен турист при напад на ајкула во Австралија

Австралиски турист е убиен во напад на ајкула на преполна плажа во Нова Каледонија, француска колонија во Меланезија во југозападниот дел на Пацификот, објави денеска „Гардијан“.
Плажите во Нуомеа беа затворени откога 59-годишен маж почина во неделата по неколку каснувања од ајкула.
Мажот наводно пливал на речиси 150 метри од плажата Шато-Ројал во главниот град Нуомеи кога ајкулата го нападнала, соопштија властите.
Две лица, кои пловеле со чамец во близина, го однеле повредениот турист на плажата, каде што итните служби се обиделе да го спасат.
Мажот имал тешки рани на ногата и двете раце и починал на местото на настанот и покрај масажата на срцето.
Полицијата ја евакуира областа.
Градоначалничката на Нуоме, Соња Лагард, нареди затворање на повеќето плажи во областа и ловење на ајкулите во блиските води.
Властите распоредија беспилотни летала за да ги следат ајкулите, а две беа забележани пред да бидат прекинати операциите, соопшти полицијата.
Локалниот обвинител изјави дека е отворена истрага за инцидентот.
49-годишен пливач минатиот месец беше тешко повреден од ајкула, исто така во близина на плажата Шато-Ројал, а неколку дена подоцна беше нападнат сурфер, но тој не беше повреден.
Нова Каледонија е на 13-тото место во светот по вкупниот број на напади на ајкули, според Природонаучниот музеј на Флорида, кој води евиденција за нападите на ајкули во светот од 1958 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Украинска пратеничка предупреди: „Ѓаволот е во деталите“

Украинската пратеничка Јулија Сирко во интервју за „Скај њуз“ предупреди дека ѓаволот е во деталите кога станува збор за можен мировен план меѓу Украина и Русија, објави „Скај њуз“.
„Кога разговарате со Русите и работите со Русите, мора да размислувате три чекори напред“, рече Сирко.
Клучни неодговорени прашања
Таа нагласи дека Украинците очекуваат одговори на клучните прашања, а безбедносните гаранции се на прво место. „Кој ќе ја финансира огромната количина оружје и војници што ни се потребни за да одржиме 2.000 км фронтова линија?“, праша таа.
Сирко објасни дека прашањето за безбедносните гаранции е сложено, а позиционирањето на сојузничките трупи игра клучна улога во тоа. Таа објасни дека ако европските сили се позиционираат на западната граница на Украина, „тоа ќе биде само логистика“ и претставува сосема поинаква ситуација.
„Мора да бидете на фронтовската линија во сивата зона меѓу Русија и Украина, тоа е едно прашање“, истакна таа. „Ако војниците останат на западната граница, таму нема да имате никакви проблеми или закани, па тоа е друго прашање“.
Таа заклучи дека верува оти Русите нема да го прекршат договорот доколку европските армии се подготвени да останат на фронтовската линија. „Ако европските армии ќе може да издржат на бојното поле и ќе бидат подготвени да останат… не мислам дека Русите ќе го прекршат тоа“.
Европа
(Видео) Додека се одржуваа состаноци во Вашингтон, нападите продолжија

Руските сили извршија напади со беспилотни летала и ракети врз централна и јужна Украина, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски беше на средба со американскиот претседател Доналд Трамп и европските лидери во Вашингтон, објави германската новинска агенција дпа.
Според украинските воздухопловни сили и воените набљудувачи, нападите биле насочени кон централниот украински регион Полтава, особено кон индустрискиот град Кременчук.
Десетици беспилотни летала и најмалку две балистички ракети биле испукани кон регионот.
Балистичката ракета наводно погодила цел во јужниот украински регион Одеса.
Деталите за штетата или жртвите остануваат нејасни.
Руските медиуми, повикувајќи се на гувернерот на Волгоград, Андреј Бочаров, објавија дека остатоците од беспилотните летала предизвикале пожари во рафинерија за нафта и оштетиле болница, но нема пријавени повредени.
Летовите на аеродромот во Волгоград се привремено прекинати.
Украина се брани од руска инвазија речиси три и пол години.
фото: принтскрин
Европа
Лидерите на ЕУ денес ќе одржат видеоконференција за разговорите во Вашингтон

Лидерите на Европската унија денес ќе одржат видео-конференција за да ги разгледаат резултатите од разговорите во Вашингтон. Средбата е закажана за 13 часот, потврди претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста.
На видео-конференцијата ќе учествуваат сите членови на Европскиот совет, највисокото политичко тело на ЕУ, и ќе се фокусира на координирање на следните чекори по разговорите во Вашингтон.
I have convened a video conference of the members of the European Council for tomorrow at 13.00 CEST, for a debriefing of today’s meetings in Washington DC about Ukraine.
Together with the US, the EU will continue working towards a lasting peace that safeguards Ukraine’s and…— António Costa (@eucopresident) August 18, 2025
Пред состанокот, Коста ја нагласи важноста на соработката со Соединетите Американски Држави на социјалната мрежа Икс.
„Заедно со Соединетите Американски Држави, ЕУ ќе продолжи да работи кон траен мир што ги штити виталните безбедносни интереси на Украина и Европа“, напиша Коста.
фото: принтскрин