Европа
На повеќе од 350.000 трудници во Турција им е потребна медицинска помош

Бројот на загинати во Турција се искачи на 41.020, соопшти АФАД, и се очекува да се зголеми, при што се знае дека околу 385.000 домови во земјата се уништени или сериозно оштетени, а многу луѓе сè уште се водат како исчезнати.
Турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека речиси 13.000 багери, кранови, камиони и други индустриски возила биле испратени во зоната на земјотресот.
Меѓу жените има околу 226.000 во Турција и 130.000 во Сирија, од кои околу 38.800 ќе се породат во следниот месец, пренесуваат локалните медиуми.
Според написите, многу од жените се засолнуваат во кампови или живеат изложени на ниски температури и се борат да добијат храна или чиста вода ставајќи го во опасност нивното здравје.
Медицинската добротворна организација Лекари без граници (MSF) соопшти дека конвој од 14 камиони влегле во северозападна Сирија во неделата за да помогнат во операциите за помош од земјотресот бидејќи расте загриженоста поради недостигот на пристап до областа зафатена од војна.
Светската програма за храна (WFP) ги притиска властите во тој регион на Сирија да престанат да го блокираат пристапот бидејќи се обидува да им помогне на стотици илјади луѓе по земјотресот.
Во Сирија, која веќе е уништена од граѓанската војна, најголем број жртви има на северозападот. Областа е контролирана од бунтовниците, кои се во војна со силите лојални на претседателот Башар ал-Асад, што ги отежнува напорите да се добие помошта за луѓето.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во неделата најави натамошна помош за Турција и рече дека Соединетите Американски Држави ќе ѝ дадат долгорочна помош на Анкара во нејзините напори за обнова по земјотресот овој месец.
Блинкен пристигна во турската воздушна база Инџирлик во неделата во официјална посета и разговори за тоа како Вашингтон може дополнително да помогне.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Украина разнесе руски брод што превезувал иранско оружје

Украинските специјални сили извршија напад врз руското пристаниште Оља во регионот Астрахан, погодувајќи брод што превезувал делови од беспилотните летала „Шахед“ и иранска муниција. Се сомнева дека украинските беспилотни летала истовремено нападнале рафинерија за нафта во регионот Самара, објавува „Киев пост“.
Според соопштението од Генералштабот, нападот е извршен во четврток во соработка со Силите за специјални операции и други единици на одбранбените сили, со цел да се намали способноста на Русија да спроведува воздушни напади.
Пристаништето Оља е еден од клучните логистички центри за увоз на воена опрема од Иран. Бродот „Порт Оља 4“, кој наводно превезувал делови за беспилотни летала и муниција, бил погоден. Проценката на штетите е сè уште во тек.
Рано утрово, беспилотни летала од Краснодар нападнаа рафинерија во градот Сизран во регионот Самара. Мештаните пријавија до 10 експлозии од 4 часот наутро, а снимки и фотографии од пожар во објектот се појавија на Телеграм. Руските власти сè уште не ја потврдија штетата.
Украина официјално не коментираше до моментот на објавување.
Руското Министерство за одбрана тврди дека неговата воздушна одбрана соборила 53 украински беспилотни летала преку ноќ.
фото: принтскрин
Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин