Свет
Бајден денеска оди во Полска, но нема да оди во Украина
Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе ја посети Полска за да ја одбележи првата годишнина од руската инвазија на соседна Украина, најголемиот конфликт во Европа по Втората светска војна, додека се очекуваат пролетни офанзиви од двете страни.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Русија претрпела исклучително големи загуби во близина на градот Вуледар во источната провинција Донбас за кој Москва тврди дека го анектира во септември.
„Ситуацијата е многу комплицирана. И ние се бориме. Ги победуваме окупаторите и ѝ нанесуваме исклучително големи загуби на Русија“, рече Зеленски во својата ноќна видеопорака.
Украинските власти апелираа до членовите на американскиот Конгрес да ја притиснат администрацијата на Бајден да испрати борбени авиони „Ф-16“ во Киев велејќи дека тие ќе ја подобрат способноста на Украина да гаѓа руски ракетни единици со ракети од американско производство, изјавија американски конгресмени.
Украинските власти, вклучително и министерот за надворешни работи, Дмитро Кулеба, лобираа кон крајот на минатата недела на маргините на Минхенската безбедносна конференција во разговорите со демократите и републиканците од Сенатот и Претставничкиот дом.
Бајден рече „не“ минатиот месец на прашањето дали ќе го одобри барањето на Украина за авиони „Ф-16“, произведени од „Локхид Мартин“.
Говорејќи во неделата, претставниците на неговата администрација рекоа дека САД треба да се фокусираат на испраќање оружје што може веднаш да се користи на бојното поле наместо борбени авиони за кои е потребна опсежна обука, но не ја исклучуваат можноста за испраќање „Ф-16“.
„Дискусиите ќе продолжат во следните неколку недели и месеци“, изјави американската амбасадорка во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд, за Си-ен-ен.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки синоќа изјави дека за време на неговата посета меѓу 20 и 22 февруари со Бајден ќе разговара за можното зголемување на бројот на американски војници во Полска, кои исто така ќе останат таму подолг временски период.
„Ние сме во процес на преговори со администрацијата на претседателот Бајден за да го направиме нивното (војничко) присуство потрајно и да го зголемиме“, изјави Моравјецки.
Бајден минатиот јуни рече дека САД ќе основаат нова постојана воена база во Полска како одговор на руските закани.
Американскиот претседател ќе се сретне и со полскиот претседател Анджеј Дуда со кого ќе разговара за Украина и со други лидери од регионот, но тој не планира да оди во Украина, соопшти Белата куќа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

