Црна хроника
Уапсени 28 лица за трговија со дрога во операцијата „Балкан“
Дирекцијата за борба со наркотици и нелегална трговија во рамки на албанската државна полиција во соработка со Обвинителството за сериозен криминал успешно ја заврши операцијата за трговија со дрога „Балкан“, започната во 2015 година.
Дирекцијата за борба со наркотици и нелегална трговија во рамки на албанската државна полиција во соработка со Обвинителството за сериозен криминал успешно ја заврши операцијата за трговија со дрога „Балкан“, започната во 2015 година.
Истрагите беа насочени кон организирана кривична група, активна во различни земји од балканскиот регион, која тргува со различни видови дроги (хероин, кокаин и марихуана). Хероинот е набавуван од Република Турција и транспортиран до Република Албанија, со конечна дестинација во земјите на ЕУ. Марихуаната е снабдувана во Република Албанија и транспортирана во Република Македонија, Грција и Република Турција.Паралелни истраги беа водени во Република Албанија, Република Бугарија, Република Македонија, Грција, Република Србија и Република Турција. Размената на информации меѓу агенциите за спроведување на законот во наведените земји се одвиваше во реално време преку канал на СЕЛЕК.Истрагата резултираше со апсење на 28 лица (каде спаѓаат и 5 организатори), издавање на налог за апсење за 20 други лица кои се вклучени во нелегалните активности на оваа организирана криминална група. Запленети беа приближно 27 kg хероин, 2 kg кокаин и речиси 184 kg марихуана, како и повеќе од 38 000 евра, 1,5 милиона албански леки и 4 оружја. Се очекуваат понатамошни резултати од оваа заедничка истрага./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш
Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“.
Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.
Црна хроника
Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полицаец
Полициски службеници од СВР Велес ноќеска во 02.10 часот го лишиле од слобода 49-годишниот М.Н. од Велес откако при контрола на ул. „Благој Ѓорев“ утврдиле дека вози со 1,62 промили алкохол во крвта. Откако бил приведен нападнал полициски службеник.
Како што денеска информираат од СВР Велес, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој бил приведен во полициска станица, каде физички нападнал полициски службеник. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и 383 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, најавија од СВР Велес.
Црна хроника
Почина малолетник, со мопед удрил во бетонски столб
Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција.

