Свет
Путин испрати порака до олигарсите што живеат на Запад

Рускиот претседател Владимир Путин им се обрати на олигарсите што живеат на Запад. Тој зборуваше за проблемите што ги имала поранешната советска економија.
„Се сеќаваме на проблемите од 90-тите, но потоа земјата почна да создава нова економија заснована на пазарни принципи. Западните земји ни беа модел, но не е доволно да го копираме нивниот пример. ЕУ и САД се расправаа за тоа како треба да се развива руската економија. Станавме извозник на стоки, нашите бизниси се базираа на продажба на ресурси, нафта и гас. Парите не беа инвестирани во долгорочни проекти“, рече Путин.
„Постигнавме видливи резултати, но сакам да нагласам дека, кога ќе се земат предвид условите во кои се развиваше нашата индустрија, капиталот отиде на Запад наместо да го развива нашето производство и да вработува луѓе во Русија. Подоцна почнаа да инвестираат во Русија исто така, но првиот бран беше насочен кон потрошувачката на западните производи. Таму ги образуваа и децата, а на државата ѝ беше тешко да го спречи тоа бидејќи имаме пазарна економија“, рече Путин.
Тој додаде дека оние што ја гледаат Русија само како извор на приход и планираат да живеат во странство, виделе дека Западот само ги ограбува.
„Се шегував со таквите дека ќе одат на западните судови и ќе се обидат да го спасат своето богатство. Ниту еден обичен Русин не жали за оние што ги изгубија своите банкарски сметки и палати на Запад. Сигурен сум дека се сеќаваат на приватизацијата во 90-тите кога државното богатство премина во нивни раце“, рече тој.
„Западот има цел да ѝ стави крај на Русија, тие сакаат таа повеќе да не биде моќен играч на Истокот. Тие сакаат сопствениците на големите бизниси во Русија да бидат зависни од Западот, ние не можеме да го толерираме тоа“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: Сè беше забелено

Невремето што денес ја погоди околината на Колашин во Црна Гора донесе неочекувани сцени за првиот дел од август, сè е покриено како со бела покривка, пишуваат медиумите во регионот.
Сепак, според написите, не станува збор за снег, туку за град што падна низ целата област.
Според проценките, на некои места слојот на град достигнува и до 15 сантиметри.
Овој августовски пејзаж е вистинска реткост во овој дел и не се памети во поновата историја, пренесуваат медиумите.
Дел од скијачките патеки исто така беше покриен со град, а невремето предизвика значителни штети на планинските патишта, што претставува дополнителен предизвик за локалните жители и туристите.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан: Не ја признаваме пресудата против Додик

Унгарија не ја признава конечната пресуда на Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина, со која беше потврдена првостепената одлука од февруари оваа година, објави премиерот на таа земја, Виктор Орбан.
„Унгарија не ја признава судската пресуда против претседателот Милорад Додик. Обидите на супервизорите назначени од ЕУ да го отстранат поради спротивставување на нивната глобалистичка агенда се неприфатливи. Тој е легитимен, избран лидер на Република Српска – ние цврсто се спротивставуваме на мешањето на Брисел во суверените прашања. Ништо не може да биде над волјата на народот“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.
Медиумите во регионот потсетуваат дека Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина во петокот ја потврди првостепената пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, со која тој беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради непочитување на одлуките на Кристијан Шмит.
Свет
(Видео) Пукање во Лос Анџелес: има загинати и повредени

Најмалку две лица се убиени, а шест се ранети денес во пукање за време на забава по музички фестивал во центарот на Лос Анџелес, објавија властите.
Полицијата изјави дека едно лице осомничено за пукањето е уапсено.
LOS ANGELES MASS SHOOTING: Mass shooting after Hard Summer Music Festival afterparty in Inglewood, LA. 2 killed, 6 injured. pic.twitter.com/Rgra9sY59O
— Breaking911 (@Breaking911) August 4, 2025
Забавата беше промовирана на социјалните мрежи како неофицијална забава по фестивалот „Hard Summer”, викенд фестивал на техно музика што се одржува во Холивуд Парк, објави АП.
Нема информации за мотивот на нападот.
Полицијата објави дека отворила истрага.