Македонија
ДУИ: Молкот на Мицкоски кон военото поттикнување на Николовски, признание на антиалбанската ориентација на ВМРО
Молкот на Мицкоски кон воено поттикнувачките изјави на неговиот сопартиец Александар Николовски е уште едно јавно признание на антиалбанската ориентација на ВМРО ДПМЕ и целосно демаскирање на нивните стратешки цели за влошување на меѓуетничките односи, реагираат од ДУИ.
Очигледно, се додава во нивното соопштение, фотографијата на неговиот лидер Мицкоски со „калашников“ во рацете го инспирирала Николовски да употреби реторика на омраза кон своите сограѓани Албанци, неприфатлив и скандалозен вокабулар за еден политичар во денешно време.
„Овој период јавноста беше сведок на низа антиалбански дејства на ВМРО ДПМНЕ, почнувајќи од клевети и обвинувања без факти за лидерите на албанската политика во земјата, локалните расистички политики на бојкотирање на Албанците за сега да стигнат до директни закани со војна и нарушување на јавниот ред и мир. ВМРО-ДПМНЕ, Левицата, сите нивни соработници и оние Албанци што се ставени во служба на овие агенди треба да знаат дека ваквите постапки не поминуваат, никогаш нема да може да ги дефокусираат јавноста и државата од европскиот дух со лаги и измами, кои се докажани и добро демаскирани доктрини и со судски одлуки за криминал и корупција“, се потенцира во пишаниот допис.
Демократската унија за интеграција и сите прогресивни сили во државата, додаваат од таму, нема да дозволат рушење на добрите меѓуетнички односи изградени со многу домашни и меѓународни политички инвестиции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презема градоначалничката функција
Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска и новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски и подари букет со свежо цвеќе на Арсовска.
Претходно, тој од Градската изборна комисија на Скопје го доби уверението дека е избран за прв човек на македонската метропола. Данела Арсовска денеска го заврши својот четиригодишен мандат за кој беше избрана во 2021 година.
Македонија
Професори од четири европски држави во посета на Собранието
Во рамките на Еразмус+ проектот „Уметничко патување кон зелена иднина“ (Artistic Journey to Green Future), денес Собранието на Република Северна Македонија го посетија професори од сите нивоа на образование од Хрватска, Турција, Малта и Шпанија.
Посетата беше организирана во соработка со Фондацијата – Меморијален центар „Никола Кљусев“. Од страна на Нена Неновска – Ѓорѓиевска од Фондацијата, пратениците беа запознаени со активностите и целите на проектот, по што следеше дискусија за темите што ги обединуваат образованието, уметноста и заштитата на животната средина.
Гостите имаа можност, покрај организираната обиколка на зградата на Собранието, да се сретнат и да разменат искуства со пратениците Велика Стојкова Серафимовска и Тони Јаревски, членови на Интерпартиската парламентарна група за заштита на природата и борба против загадувањето и климатските промени.
Во отворен разговор, тие дискутираа за состојбите со животната средина, заштитата на водите, почвата и воздухот, како и за третманот на цврстиот отпад и другите предизвици во оваа област. Пратениците ги запознаа гостите и со работата на неформалната „Зелена група“ во Собранието, која се залага за унапредување на еколошките политики и зајакнување на јавната свест за климатските прашања.
Во текот на средбата беа поставени бројни прашања и споделени примери од практиките во различни европски земји, со заедничка порака дека одржливиот развој и заштитата на природата се заедничка одговорност.
Посетата претставува уште еден пример на успешна соработка меѓу образовните институции и Собранието, како и на важноста од интеркултурен дијалог и споделување на искуства во насока на зелена иднина.
Македонија
Утре без вода дел од улицата Христо Смирненски 13
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул.Христо Смирненски 13, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (потегот од Зур маркет до бул.Партизански Одреди).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

