Европа
Мехмет преживеа три земјотреси и два инфаркта во Турција
Мехмет Зеки Полат (65) и неговата сопруга ја преживеаја катастрофата на векот, како што турските медиуми ги нарекуваат двата земјотреса што на 6 февруари ги погодија оваа земја и Сирија одземајќи над 46.000 животи.
Она што е фасцинантно за Полат е тоа што тој е човек што преживеал три земјотреси, но и два срцеви удара, пишуваат медиумите.
Мехмет имал два срцеви удара поради екстремната тага и стрес што ги доживеал по последниот земјотрес. Потоа итно бил префрлен во државната болница во Ајдин, каде што сè уште е под постојан надзор на лекарите.
„Тоа што го доживеавме тој ден (6 февруари) не може да се искаже со зборови“, ја почна својата приказна Мехмет.
„Беше многу тешко. Последниве години бевме погодени од земјотреси. Фала богу, го преживеавме третиот земјотрес. Во првиот земјотрес ни се урнаа куќите, како и во вториот. Потоа живеевме во контејнери и шатори три-четири години. Државата ни изгради куќи, а ние се преселивме таму. Една година подоцна, повторно нè погоди третиот земјотрес, последниот што ја погоди целата земја“, рече тој.
Изјавувајќи дека земјотресот силно го погодил и дека поради стресот имал два инфаркта, Полат рече дека му е благодарен на Бога што е жив.
„Многу наши роднини и пријатели ги загубија животите под урнатините на земјотресот. Ги погребавме сите наши најблиски. Починаа моите вујковци, внуци и многу наши деца. Не знаеме ни каде им се гробовите. Има толку многу луѓе што починале што нема каде да се погребат оние што ги загубиле животите. Го напуштивме нашиот дом и дојдовме овде. Имав еден срцев удар кога излегов од авионот во Анкара, а друг на терминалот кога дојдов во Кушадаси со автобус. Итно ме однесоа на лекар“, објаснува Полат.
Неговата сопруга вели дека човек доброволно не го напушта родниот град во кој пораснал, но по овие искуства, засега немаат намера да се вратат во стариот крај.
Повеќе од 40.000 луѓе загинаа во земјотресот, а десетици илјади беа повредени. По разорните земјотреси, граѓаните се мобилизираа за помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите уништија четири украински поморски дронови во Црното Море
Руските сили денес уништија четири украински поморски дронови, беспилотни површински пловила (УСВ), во близина на пристаништето Туапсе на Црното Море, едно од клучните пристаништа за извоз на нафта.
Детонацијата на еден од дроновите се случила во близина на брегот на Туапсе, во регионот Краснодар, оштетувајќи ги крајбрежните објекти, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалниот центар за вонредни ситуации. Нема извештаи за жртви.
Krasnodar Krai, Russia ❗
💥Tuapse is being attacked by sea drones, a probable hit near pier 167 has been recorded. – OSINT DniproOfficialpov: 44.10040125871804, 39.05830293365155https://t.co/K3TrwvhOz2 pic.twitter.com/NjVczfmjME
— LX (@LXSummer1) November 9, 2025
Според извори од индустријата и податоците за следење бродови, пристаништето го прекина извозот на гориво, а локалната рафинерија за нафта престана со преработка на сурова нафта откога украинските дронови ја нападнаа нејзината инфраструктура на 2 ноември.
Руските железници соопштија дека ги продолжиле ограничувањата за испорака на товар до Туапсе до 13 ноември.
фото: принтскрин
Европа
Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело
Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано.
Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат до трагедијата, пишува унгарскиот портал szeretlekmagyarorszag.hu.
Клиничкиот центар Szent-Györgyi Albert во Сегед почна внатрешна истрага за да утврди како пациентка, која штотуку била оперирана, можела да го напушти објектот незабележано. Д-р Антонија Кет, истакнат раководител на одделот за оториноларингологија, била оперирана на 3 ноември поради проблем со ‘рбетот, но исчезнала од болницата само неколку часа по процедурата. Нејзиното тело било пронајдено една недела подоцна во блиска запуштена грмушка.
Снимките од безбедносните камери ја покажале д-р Кет, веројатно збунета од болката, како облекува тренирка преку болничката мантија и го напушта одделот за неврохирургија во влечки. Кога персоналот го забележал нејзиното исчезнување, почнала масовна потрага, во која учествувале полиција, кучиња трагачи и волонтерски спасувачки единици.
Нејзиното безживотно тело било пронајдено утрово, едвај 500 метри воздушна линија од клиниката. Полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт, а точната причина ќе се утврди во административна постапка.
фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над нуклеарната централа „Доел“ во Белгија
По серија инциденти на белгиските аеродроми, синоќа беа забележани и дронови над нуклеарната централа Доел. Компанијата „Енџи“ потврди кратко пред 22 часот дека три дрона биле забележани над централата, пишува белгискиот РТЛ.
Портпаролката на „Енџи“, Хелен Смитс, изјави дека инцидентот немал никакво влијание врз работењето на електраната.
„Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата“, додаде таа. Локалната полициска зона Шелдевас засега не сакаше да коментира.
Инцидентот се случил истата вечер кога воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат поради пријави за дронови. Летовите беа прекинати таму околу 19:30 часот и се нормализираа еден час подоцна, околу 20:25 часот.
Пријавите за дронови над аеродромот во Лиеж беа речиси секојдневна појава во текот на изминатата недела, а слични прекини беа пријавени и на аеродромот во Брисел минатиот вторник и четврток. Во последните денови и недели, редовно се пријавуваа и дронови над разни воени бази во земјата.
фото: принтскрин

