Свет
Штрахе: Западот не сака мир, молчеа пред осум години, а молчат и сега
Поранешниот австриски вицеканцелар Хајнц Кристијан Штрахе изјави дека западните и германските политичари со години молчат и не се заинтересирани за решавање на конфликтот во Украина.
Тој потсети и дека во 2014 година, за време на пучот во Украина, тогаш легитимно избраната влада беше соборена со недемократски методи и со употреба на насилство, по што избувна конфликт на истокот на Украина, кој потоа чинеше илјадници животи.
„ Каде беа тогаш германските и европските политичари кои сакаа мир? Зошто тогаш не рекоа „стоп“? Молчеа. Молчеа и кога го забранија рускиот јазик“, нагласи тој.
Штрахе го нарече конфликтот во Украина „прокси војна“ и додаде дека признавањето на Ангела Меркел за несериозноста на Минските договори го потврдува фактот дека Западот одолговлекува со цел дополнително да ја вооружи Украина.
„ А каде е сега тоа меѓународно мировно движење? Каде се сега Зелените, социјалдемократите што некогаш постоеја? Денес тие се најстрашните јастреби“, нагласи Штрахе, мислејќи на актуелната влада во Германија.
Инаку, Штрахе го одржа овој говор во Дрезден пред насобраните граѓани кои се противат на испорака на оружје во Киев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран: Не испративме балистички ракети во Русија, европските санкции се незаконски
Иран ги осуди новите санкции на ЕУ и Велика Британија против Техеран и негираше испорака на балистички ракети на Русија, напиша портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, во објава на „Икс“.
Европската унија вчера се согласи да воведе санкции против седум поединци и седум организации, вклучително и авиокомпанијата „Иран Ер“, поради нивната поврзаност со иранскиот пренос на ракети во Русија.
На листата се Саха Ерлајнс и Махан Ер, како и заменик-министерот за одбрана на Иран Сејед Хамзе Галандари.
Минатиот месец, САД, повикувајќи се на разузнавачки информации за кои рекоа дека биле споделени со сојузниците, рекоа дека Русија добила балистички ракети од Иран за војната во Украина.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи денеска негираше дека неговата земја и доставувала балистички ракети на Русија.
„Некои европски земји и Обединетото Кралство, за жал, без докази тврдат дека Иран воено интервенирал во овој конфликт, што е целосно неточно“, рече Багеи, мислејќи на руско-украинската војна.
Багеи ги осуди новите санкции, велејќи дека наметнувањето нови санкции од страна на Европската унија и Обединетото Кралство врз ирански поединци и ентитети е спротивно на меѓународното право.
Според оваа мерка на ЕУ, во санкциите се вклучени и истакнати функционери на Корпусот на Исламската револуционерна гарда.
Санкциите вклучуваат замрзнување на имотот и забрани за патување во Европската унија.
Свет
(Видео) Шефот на иранските специјални сили кој исчезна по израелските напади, сега се појави во јавноста
Командантот на силите Кудс на ИРГЦ, Есмаил Каани, утринава се појави на комеморација на бригадникот на ИРГЦ Абас Нилфурушан, кој беше убиен од Израел во воздушен напад во Либан, објави Ројтерс, цитирајќи ја иранската државна телевизија.
Со недели се шпекулира за неговата судбина по израелскиот напад на Бејрут на почетокот на овој месец, во кој беше убиен наводниот наследник на лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, Хашем Сафиедин.
Video on Iranian television of IRGC Quds Force commander Ismail Qaani at memorial for deceased Abbas Niloforoshan killed by an Israeli strike in Lebanon.
This is amid recent rumors and ostensible reporting that he’d been either killed, arrested, or had a heart attack. pic.twitter.com/qiL5EbfyUy
— Murtaza Hussain (@MazMHussain) October 15, 2024
Минатата недела се појавија информации дека Каани е жив и под истрага во Иран за безбедносни нарушувања откриени од државата. Од друга страна, каналот Тасним, поврзан со ИРГЦ, тврди дека генералот на ИРГЦ, Ебрахим Џабари, изјавил за државните медиуми дека Каани е целосно здрав и наскоро ќе добие признание од ајатолахот Али Хамнеи.
Свет
Најмалку 12 загинати, 33 повредени во автобуска несреќа: трагедија во Египет
Најмалку 12 лица загинаа денеска, а 33 се повредени при превртување на автобус на автопатот меѓу Каиро и брегот на Црвеното Море, соопшти египетското Министерство за здравство.
На местото на несреќата се испратени 28 возила на брза помош, соопшти Министерството, пренесе Ројтерс.
Несреќата се случила на автопатот Ал Галала.
Како што јавија египетските медиуми, во несреќата се повредени студенти од Универзитетот Галала од истоимениот град.
Како што објави каналот Сада ал Балад, првичната истрага покажала дека возачот на автобусот возел пребрзо и изгубил контрола над возилото.