Економија
Пекарниците се заканија дека нема да носат леб на пазарот ако се замрзне цената на 33 денари
Пекарниците ќе го прекинат производството на леб откога ќе се објави одлуката за замрзнување на цената на лебот на 33 денари, се заканија денес производителите на леб. Министерот за економија, Крешник Бектеши, викендов најави дека Владата утре ќе ја замрзне цената на лебот, која не смее да биде повисока од 33 денари за леб што не смее да биде помал од 450 грама оти малкумина од производителите ја намалиле цената додека користеле субвенции за струјата.
Со тоа не се согласни производителите, кои сметаат дека мерката субвенционирана струја имала позитивен ефект, а замрзнувањето на цената велат дека ќе предизвика прекин на производството.
„Производителите ги намалија цените на лебот според висината на учеството на струјата во определување на крајната цена. На пазарот имаме разни варијации, разни тежини на леб и за населението за кое мислиме дека е социјална категорија веќе постојат цени на лебот. Мерката на Министерството за економија ќе донесе штети од 3.000 до 15.000 евра на ден кај производителите на леб, а некои ќе затворат. Донесовме едногласна одлука дека дента кога ќе излезе одлуката за замрзнување на цената на лебот во ‘Службен весник’, од следниот ден нема да се произведува леб и нема да се носи на пазарот. Секоја компанија си има свои трошоци и според нив ја одредува цената. Никој не го тераме со сила да купи леб од 50 денари ако веќе постои леб од 30“, рече Горан Малишиќ, претседател на групацијата за мелничко-пекарска индустрија во Стопанската комора на Македонија.
Одлуката за прекин на работата производителите на леб ја оправдуваат со веќе набавените резерви брашно и пченица по високи цени. Набавката ја направиле по ланската жетва кога цените биле највисоки.
„Ова решение ќе значи пропаст. Ние не бараме време, одлуката веќе е донесена. Ова не е бојкот, ова е спас за индустријата“, рече Малишиќ.
Минатата недела министерот за економија, Бектеши, ја укина субвенцијата за струја на пекраксата индустрија поради тоа што малкумина ја намалиле цената на лебот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)