Црна хроника
Казни за 280 возачи поради брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на државата за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 280 возачи.
Од нив, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 143 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 137 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли, како што најави МВР, продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична за началник од Кисела Вода, при претрес најдени муниција и солзавци

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Д. од Скопје, началник на Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода, поради сомнежи за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
При негов личен и претрес во службени простории на МВР, каде што извршува службени задачи, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени муниција и солзавец за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Одделот за внатрешна контрола против С.Д. поднесе и предлог за покренување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина и изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на постапката.
Црна хроника
Двајца скопјани најдени починати во своите домови, телата на обдукција

Педесет и двегодишен маж и 77-годишна жена во текот на вчерашниот ден биле најдени починати во своите домови во Карпош и Кисела Вода.
За првиот случај, МВР соопшти дека вчера на пладне во домот во Каропош пронајден е И П.(52) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
Околу осум часа подоцна, во домот во Кисел Вода, најдена е почината К.Ч.(77) од Скопје која живеела како потстанар. И кај неа, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.
Топ
Скопјанец пијан ја тепал сопругата со чадор во Бутел, ползејќи и губејќи свест стигнала до дворот да повика помош

Семејно насилство во Бутел ја вознемири јавноста. Обвинителството поведе постапка против 54-годишен скопјанец кој во домот на улицата Бутелска ја нападнал својата сопруга.
Нападот се случил вчера, а мажот бил во алкохолизирана состојба. Тој првин ја навредувал сопругата, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со чадор по телото и главата.
„Од многубројните удари оштетената започнала да крвари и да губи свест, па влечејќи се успеала да стигне до дворот и од таму повикала помош“, соопшти Обвинителството.
Се бара протвор за осомничениот.