Европа
Белата куќа бара од владините агенции да го забранат „Tик-ток“ на официјалните уреди

Американските федерални агенции имаат 30 дена да го отстранат „Тик-ток“, популарната апликација во кинеска сопственост, од нивните уреди, нареди Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа.
Апликацијата за споделување видеосодржини во сопственост на кинеската компанија Byte Dance се најде на удар на американските пратеници, кои сметаат дека апликацијата е закана за националната безбедност, а нејзината употреба веќе беше забранета на крајот на декември на сите официјални уреди под јурисдикција на САД.
Директорката на канцеларијата, Шаланда Јанг, побара од федералните агенции „да ја прекинат и забранат инсталацијата на апликацијата“ на уредите и системите што ги поседуваат или контролираат и да го „забранат интернет-сообраќајот“ од нивните уреди до апликацијата.
Оваа забрана доаѓа четири дена откога Европската комисија им нареди на своите службеници да го отстранат „Tик-тoк“ од официјалните и приватните мобилни телефони наведувајќи ја заштитата на институцијата како причина.
„Со цел да се заштитат податоците на Комисијата и да се зголеми нејзината сајбер-безбедност, управниот одбор на Европската комисија одлучи да ја суспендира апликацијата ‘Tик-тoк’ на корпоративни и на приватни уреди регистрирани на услугата на Комисијата за мобилни уреди“, објави Комисијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Балон на топол воздух се урна во Холандија: еден загинат, петмина повредени

Едно лице загина, а петмина се повредени кога балон на топол воздух се урна на ливада во северната холандска покраина Фрисланд доцна синоќа, соопштија локалните власти. Балонот превезувал 34 патници.
„Балонот на топол воздух одеднаш падна околу 21 часот и силно удри на земјата“, соопштија властите на Фрисланд додавајќи дека полицијата почнала истрага за несреќата.
Портпаролот на Кралското холандско воздухопловно здружение изјави за локалните медиуми дека ненадеен налет на ветер предизвикал балонот силно да удри на земјата предизвикувајќи корпата да отскокне и исфрлајќи пет лица од него.