Свет
(Видео) Објавени снимки од руски авиони над Бахмут, Вагнеровци: „Драго ни е што се наши“
Нападот на Русија врз Бахмут продолжува и денеска откога украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека интензитетот на борбите околу источниот украински град продолжува да се зголемува.
Украинскиот воен аналитичар Олех Зданов рече дека „пробивот на северното крило на Бахмут“, во кој руските трупи вчера дошле меѓу селата Беркивка и Јахидна во обид да го опколат градот, „претставува јасна закана за нив“.
Руската државна новинска агенција РИА исто така објави видео за кое вели дека покажува руски борбени авиони над Бахмут.
„Драго ни е што се наши“, вели на видеото маж идентификуван како платеник од групата „Вагнер“. „Авионите психолошки им помагаат на силите на Владимир Путин“, рече тој.
Зеленски во вчерашното видеообраќање рече дека битката за Бахмут била најтешка досега, но дека е важно неговите војници да продолжат да го бранат упориштето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
По пребројувањето, романскиот Уставен суд ги потврди резултатите од претседателските избори
Уставниот суд на Романија денеска ги потврди изненадувачките резултати од првиот круг на претседателските избори, со што се отвори теренот за вториот круг на 8 декември што може да ја загрози прозападната ориентација на Романија и да ја поткопа поддршката на таа земја за Украина.
Одлуката ја отстранува неизвесноста што ја надвисна нацијата откако судот нареди пребројување на гласовите минатата недела, бидејќи победата на 24 ноември на помалку познатиот кандидат на екстремната десница Калин Георгеску покрена сомневања за надворешно мешање во изборниот процес на земја која е цврста сојузник на Украина.
Во вториот круг на 8 декември, Георгеску ќе се соочи со противничката од десниот центар Елена Ласкони.
Во неделата во Романија се одржаа парламентарни избори, на кои поединечно води владејачката левичарска Социјалдемократска партија (ПСД), но екстремно десничарските партии освоија третина од местата во новиот законодавен дом.
Кој ќе ја формира владата на крајот ќе зависи од тоа кој ќе победи во претседателската трка бидејќи претседателот го избира премиерот од парламентарното мнозинство.
Свет
Хезболах нападна израелска база во јужен Либан
Хезболах денеска објави дека цел на израелската воена база Руисат ал-Алам во окупираните ридови Кфар Шуба во јужен Либан, ја опишува акцијата како прелиминарно одбранбено предупредување како одговор на континуираните израелски прекршувања на договорот за прекин на огнот.
Во соопштението, Хезболах потсети на повеќекратните прекршувања на прекинот на огнот, вклучително и израелски оган врз цивили, воздушни напади низ Либан кои резултираа со цивилни жртви и континуирано нарушување на либанскиот воздушен простор, дури и над главниот град Бејрут, според милитантната шиитска група.
Израелското воено радио објави дека Хезболах истрелал две ракети кон областа Хар Дов, област на либанско-сириската граница во моментов окупирана од Израел, кои паднале на отворени полиња без да предизвикаат повредени. На социјалната мрежа „Икс“, израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич ги нарече дејствијата на Хезболах сериозна грешка и повика на силен воен одговор.
Договорот меѓу Тел Авив и Бејрут, кој стапи на сила во средата, стави крај на повеќе од 14-месечните борби меѓу израелската армија и либанскиот Хезболах, кои започнаа во Појасот Газа минатиот октомври. Но, откако стапи на сила, либанските медиуми објавија 73 израелски прекршувања на договорот. Израел, пак, тврди дека Хезболах е тој што континуирано го прекршува примирјето.
Според условите на прекинот на огнот, Израел ќе ги повлече своите сили јужно од границата, де факто Сината линија, во фази, додека либанската армија ќе ги распореди своите сили во јужен Либан за период кој не надминува 60 дена.
Спроведувањето на договорот ќе го надгледуваат САД и Франција, но деталите за механизмите за имплементација не се познати.
Повеќе од 3.960 луѓе се убиени и повеќе од 16.500 повредени во израелските напади во Либан, а повеќе од еден милион раселени од октомври минатата година, според либанските здравствени власти.
Свет
Бајден објасни зошто го помилувал својот син
Белата Куќа ја објасни одлуката на претседателот Џо Бајден да го помилува неговиот син Хантер, велејќи дека претседателот верувал дека неговите политички противници ќе продолжат да го прогонуваат неговиот син.
„Тие ќе продолжат да одат против неговиот син“, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер за новинарите на „Ер Форс 1“ за време на патувањето во Ангола.
Жан-Пјер рече дека ова не е првпат претседателот да помилува член на семејството.
Бајден во јуни изјави дека нема да го помилува својот син. Во интервју за „Еј-би-си њуз“, тој одговори со „да“ на прашањето дали ја отфрла можноста за помилување на Хантер. Жан-Пјер одби да образложи зошто и како Бајден се предомислил.
Хантер Бајден се изјасни за виновен за федералните даночни обвиненија во федералниот суд во Лос Анџелес во септември, а требаше да биде осуден на 16 декември од судија назначен од новоизбраниот републикански претседател Доналд Трамп. Во јуни, поротата го прогласи за виновен за давање лажни изјави при проверка на потеклото на оружјето. А за тие обвиненија требаше да биде осуден месецов.
Актуелниот претседател Бајден во неделата рече дека неговиот син бил селективно гонет и третиран поинаку од другите во слични ситуации. Доцна во неделата, адвокатот на Хантер Бајден поднесе барање за отфрлање на обвинението.
Целосното и безусловно помилување на претседателот бара отфрлање на обвинението против Хантер Бајден, напиша адвокатот во поднесоците поврзани со случаите со оружје и даноци.